,

Десет најчести грешки кај одгледување и дисциплинирање на децата

Да се биде родител е воедно најслатката, но и најтешката задача. Грешки кои што се случуваат во дисциплинирањето на децата не се ништо необично или невообичаено, но тие се нешто заедничко и типично за голем број родители. Овие грешки се толку чести што можеме да зборуваме за еден маѓепсан круг на грешки кои често се повторуваат. Дисциплинирање на децата и нивно одгледување во фер и пристојни млади луѓе е најтешката задача за секој родител. Дисциплината во воспитувањето треба да се прилагоди во зависност од однесувањето и потребите на детето. За жал, не постои книга со упатства и правила до кои секој треба строго да се придржува па затоа е неопходно секој родител да ги прилагоди своите правила кон кои ќе се придржува. Но, за да станете родител што поскоро кој стои зад неговите зборови , и кои децата го сфаќаат сериозно,  важно е да бидете свесни за најчестите грешки во детската дисциплина.
  1. Не дисциплинирајте кога сте лути и извадени од такт!
Не се кажува залудно "никогаш не донесувајте одлуки кога сте лути". Оваа реченица многу добро може да се примени и во случајот на воспитување. Одлуките што ги донесувате во состојба на лутина и иритација со однесувањето или зборовите на детето не можат да бидат добро осмислени затоа што најчесто се изговорени во афект. Тонот и речник што можете да го користите во моменти кога децата се во состојба да го извадат најлошото од вас не може да послужи како пример за добро образование, особено не како пример за правилно однесување.   2. Не се заканувајте со „празни закани“ Никогаш на детето не му се заканувајте со казна за која и сами знаете дека нема никогаш да ја извршат. На пример, не му кажувајте дека ќе му ја одземете најдрагата играчка ако не ја уреди собата. Тие „празни закани“ не функционираат во детското одгледување бидејќи децата се мали мудреци кои брзо ќе сфатат дека не мислите сериозно. 3. Сами не ги почитувате поставените правила Ако вие веќе поставувате и донесувате правила, тогаш немојте никако сами да ги кршите. Децата набрзо ќе ве дознаат и вашите правила нема да им значат. 4. Премногу зборувања и критики На децата не им е потребно премногу да се зборува, а посебно не да се критикуваат како личност. Константното повторување само ги иритира, но не донесува позитивни ефекти. 5. Не измислувајте приказни Во желбата да го одвратите детето од она што го наумило немојте да измислувате „бабарога“ или други чудовишта кои ќе го заплашат или одведат на некое темно или застрашувачко место.  Тие приказни не се добри за детската психа и развој, кога тоа доволно порасне ќе сфати дека не постои бабарога и дека сте го одгледувале врз невистин начин. 6. Никогаш не плашете го детето со другиот родител Коментари како „Уште еднаш ако те видам дека го правиш тоа ќе те кажам на тато ..“ никогаш не употребувајте. Така на детето му создавате страв од другиот родител, тој другиот родител го споредувате со негативец, а тоа сигурно не е став кој би сакале да го постигнете. 7. Родителски илузии околу одгледувањето Ако во некој поглед на одгледување не се сложувате со својот партнер и разликите прераснат во несогласувања, никогаш немојте да ги решавате пред детето. Родителите треба да имаат усогласен став во одгледувањето или ако го немаат, никако не би смееле да се договараат кога детето може да ве слушне. Со преговарање кај детето за она што смеете или не смеете да го правите, правите само полошо и го поткопувате авторитетот на другиот родител. 8. Подмитување Од време на време добро е детето да се поткупи со слатко или некоја ситница како би го навеле на нешто што му е омилено, но константното подмитување не е добро, бидејќи како и со останатите неуспеси, детето ќе ве открие и за апсолутно секоја работа ќе бара противуслуга односно мито. 9. Задоцнета реакција Вашето дете веќе одреден период е малтретирано физчки од братот или сестрата. Вие тоа мирно го гледате или едноставно не сакате да реагирате бидејќи работите нешто „важно“. Одеднаш станувате и почнувате да му викате на детето. Тоа е виновен пристап бидејќи на детето веднаш не сте му ставиле до знаење дека тоа што го прави е погрешно. Потребно е детето да го дисциплинирате веднаш кога тргне со недозволи работи и само така ќе сфати дека тоа е погрешно. 10. Не применувајте одгледување и методи кои вашите родители ги применувале на вас Не споредувајте ги своите деца со себе кога бевте на нивна возраст и не ги споредувајте методите на одгледување кои на вас ги применувале вашите родители. Времињата оттогаш се промениле многукратно. Вашите родители применувале методи кои веројатно биле нешто поразлично од денешните и затоа што во времето кога живееле, со ресурси кои им биле понуени, ве одгледувале најдобро што можат. Исто така, не спредувајте ги своите деца со други деца од нивна возраст, ниту себе со други родители.