,

Децата кои мислат дека светот се врти околу нив не можат да се носат со проблемите во реалниот свет

Можеби сте го виделе, или почувствувале–тој феномен кој изгледа дека ги обзема децата во последните неколку години и ги претворил со вистински егоцентрични битија? Јас тоа го нарекувам „Јас па јас, епидемија“ и верувале или не, тоа се манифестира на малите работи, секојдневно, а никогаш не сме ни свесни за тоа. Добри вести? Тоа е целосно неизлечиво! Ние сите познаваме деца (можеби дури и во нашите семејства) кои мислат дека имаат право ништо да не работат, кои очекуваат најдобар дел од животот без никаков труд, и кои не познаваат благодарност. Со вакви деца е тешко да се живее, а по правило тие стануваат луѓе со високи очекувања, напорни сопружници со ист став кој го имале и како деца. Тоа станува голем проблем, бидејќи децата кои мислат дека светот се врти околу нив не можат да се носат со проблемите во реалниот свет. Иако можеме да го вперуваме прстот и да ги обвинуваме социјалните медиуми, ријалити програмите и низа други надворешни влијанија, еден од најголемите причинител на ширење на оваа „епидемија“ сме токму ние, родителите. Секако, сакаме само најдобро за нашите деца, и никој од нас не планира да одгледа разгалено дете, но често во нашите сакани обиди да направиме најдобро за нашите деца, ние премногу глумиме дадилки. Ние сме премногу попустливи, премногу ги фалиме и ги отстрануваме сите препреки од нивните патишта. И што се случува потоа? Ние не им дозволуваме на децата да направат нешто за себе, да учат на своите грешки, или да ги решат проблемите. Ви предлагаме пет стратегии за вртење на нова страница: Очекувајте повеќе Имајте малку доверба во своите деца. Тие можат и треба да даваат придонес во семејството. На крајот на краиштата, тие се дел од семејството и би требало да придонесат. Она што ќе го добијат за возврат тоа ќе бидат животни вештини кои им се потребни за да тргнат во светот како среќни, успешни и независни човечки битија. А вие? Мора да знаете дека кон тоа сте придонеле. 2. Откажете се од откажувања Дали некогаш сте рекле ДА иако сакавте да кажете НЕ? Купување на слатки пред каса? Смирување на детето со подарок кога тргне да збеснува? Време е да се сврти нов лист и кога ќе кажете НЕ тоа и да значи НЕ. Така вашите малечки ќе научат дека со такво однесување нема да постигнат ништо. 3. Предајте ги уздите Секој пат ги спасуваме децата од нивните грешки, интервенираме во нивно име, или им стоиме на пат. Не им даваме можност нешто сами да научат. Едно по едно, тие престануваат да се трудат. Време е да ги предадете уздите на вистинскиот сопственик. Наместо да трчате со заборавена домашна задача во школо, треба да ги научите дека мора сами да ги подготвуваат книгите навечер. Нека знаат дека мора и сами да разговараат со наставниците, тренери и врсници за прашањата кои ги интересираат. Вие можете да им помогнете да се подготват. Вашите деца мора да се научат сами на своите грешки и успеси. Вие ќе бидете тука за да ги поддржите. 4. Исклучете го банкоматот Ова е чекор. Инстант задоволството е главно во денешното општество. „Тоа го сакам, тоа и го добивам. Сега и веднаш.“ Најдобар начин за борба против сите овие почести е да прекинете да давате и купувате кога и да посакаат тие. Наместо тоа, поставете одреден износ неделно и список на трошоци кои детето треба да ги покрие (ужина, школски прибор, влезница за кино…) Секако ова треба да се адаптира на возраста на детето. На овој начин детето учи како да располага со својата плата кога ќе порасне. 5. Децентрализирајте го ЕГО-универзумот Истражувањата се јасни – оние со „благодарен став“ во животот се посреќни, помалку депресивни, и помалку под стрес, бидејќи водат живот со здрав оптимизам. Но благодарноста мора да се вежба. Тоа е нешто на што мора да ги научиме нашите деца. Нека знаат дека светот ништо не им должи и дека сите треба да го направиме својот дел од работата како би ни било поубаво. Научете ги децата да ги почитуваат своите околности (без предавања за гладот на деца во Трети земји во светот). Вежбајте ги децата да кажат благодарам, разговарајте со нив-нека измислат на пример три работи за кои се благодарни. На овој начин им помагате ним, а и целото семејство да води складен и среќен живот.