Додека чекате другите да се свестат колку вредите, вие ја губите свеста за вредноста на животот

Се будите секое утро со желба на некоj да му го разубавите денот, да му го поправите расположението, да му дадете на некој знаење дека значи. Секој ден, утро, година. Вложувате, давате се од себе. Се тешите - ајде можеби има лош ден. Ги слушате, совети давате. Правите се што треба за да ги соберете распарчените делови и да ја составите личноста која сакате да ja видите. Но, џабе е. Секој се раѓа со карактер. А карактерот не се менува. Кога ќе ја составите личноста можеби ќе се разочарате. Не е она што сакале да го видите. Не е таа личност во која сте дале се од себе. Се разочарувате. Станувате имуни, вакцинарни, ладни, безживотни да разубавите нечиј живот, бидејќи додека сте го правеле тоа вашиот поминал. Додека го разубавувате денот на другите, вашиот поминал. Додека чекате другите да се свестат колку вредите, ја губите свеста за вредноста на вашиот живот. Не губите време на моменти кои не ви даваат насмевка. Чувајте го тоа што го имате. Животот е вреден да се живее за оние што вредат. Не чекајте ги оние што никогаш нема да дојдат, не слушајте ги оние што не ве слушаат. Сте брзале со некого да пиете кафе? А сега кога сакате да пиете кафе за тие што брзале, ви останува сами кафе да пиете? Сварете си, седнете на балконот и дишете. Вртето го времето во ваша корист, својот животот вртете го според сопствениот часовник, не часовникот на другите. Луѓето секогаш ќе имаат потреба од вас, а вие ќе имате потреба од себе. Христина Ѓоргиевска