,

Доделени музичките оскари-60ти Греми: Најдобрите фотографии од пристигнувањето на ѕвездите на црвениот тепих

Јубилејното шеесеттото издание на музичкиот оскар, најпрестижната награда меѓу музичарите, манифестацијата Греми, не донесе големи изненадувања во однос на победниците. Според очекувањата главни ѕвезди на вечерта беа Бруно Марс и Кендрик Ламар. Тие убедливо доминираа во категориите во кои што беа номинирани. За разлика од Златните глобуси каде актерките носеа црна тоалета како поддршка на жртвите на сексуално насилство, ѕвездите на Греми наградите го поддржаа ова движење со носење на бели рози.