Гледајќи ме мене, заборавија на политика

Ме радува фактот дека предизвикав толку внимание што за момент заборавија на политика, изборите никој не ги спомнува. Имам чувство дека ја враќам македонската музичка сцена во живот повторно, па макар и да е целата фама од љубопитност. Ветувам уште вакви збунувачки проекти, рече пејачката. Со новата песна „ Текила и лимон , поп-ѕвездата Елена Ристеска направи вистински бум и предизвика големо медиумско внимание со различни коментари. Деновиве, Елена е една од најозборуваните наши естрадни личности на социјалните мрежи, а песната ја коментираат и на нејзиниот Јутјуб канал. По промоцијата на провокативниот спот, дел од публиката вели дека турбо-фолк не и личи, други пак мислат дека ја размрда заспаната домашна естрада, трети дека песната е направена според најновите светски музички трендови. Во разговорот за Женски магазин, Елена открива дека и е мило што луѓето зборувајќи за неа, се одмориле од политичките случувања.
  • Турбофолк?! Ова е најреге и најмодерна песна од сите кои сум ги издала досега. Веројатно луѓето не разликуваат етно семпл во модерна песна од турбофолк песна. Кога сме кај коментарите, позабавна недела во мојот живот не сум имала. Толку многу се смеев на тоа колку човечката наивност може да достигне во крајности, и тоа ми беше најзабавно. Па и непријателите почнаа да ме бранат во некои општи расправии на социјалните медиуми, а пак „ армијата  од мои фанови ме купи за цел живот. Ете токму за таквите правам разни експерименти, за да не им бидам здодевна и за да ме доживеат во секаква мелодија и во секакво издание , ни изјави Елена.
„Ме радува фактот дека предизвикав толку внимание што за момент заборавија на политика, изборите никој не ги спомнува. А поголемо задоволство од тоа со брзина на светлината да ви растат прегледите на Јутјуб нема. Со ова имам чувство дека ја враќам македонската музичка сцена во живот повторно, па макар и да е целата фама од љубопитност. Ветувам уште вакви збунувачки проекти , додаде пејачката. За текстот во кој Елена пее: скиснав како лимон кога со друга те видов, таа има посебен коментар:   „Еден од коментарите беше дека песната има седум зборови. Некому и 500 збора не му се доволни за да искаже поента, а некому и два збора му се доволни за да ја долови поентата. Или не ја сфатиле поентата, или не ги слушале Ролингстоунси, кои пак имаат рефрени со два до три збора.  Оваа песна е наменски направена и пред неколку месеци во форма на ремикс издадена за рускиот пазар, воедно и за европскиот музички пазар. Елена вели дека во досегашната кариера сите песни ги бира со посебно внимание и после долготрајна селекција. „Довербата ја имам кон истиот автор, Дарко Димитров изминативе 15 години. Тој работеше и на албумите на Емина Јаховиќ, Хари Мата Хари, Шерифовиќ, Александра Радовиќ, Четковиќ, Томашевиќ, Калиопи. Но јас мислам дека доста беше од тажачки и време е за малку поритмична и повесела музика. Шармантната пејачка од патриотски причини сакала „ Текила и лимон  прво да се издаде во Македонија. Ни раскажа и дека била во конфликт со нејзиниот руски менаџер Кирил од „ Ефектив  рекордс , бидејќи на Русите, македонскиот пазар ниту им бил интересен ниту финансиски важен. На сите можни руски музички портали и радија коментарите за песната се во суперлативи и е одлично прифатена, како и во Казахстан, Латвија, Турција и Грција.     За песната Нинанајна, која исто така беше нарекувана турбо-фолк, Елена потенцира дека е најуспешната песна надвор од нашите граници, а нејзиниот пласман на Евровизија за Македонија, до сега не е надминат. На Евросонг во Атина во 2006 година, таа го освои 12 место.     „Треба да се запрашаме, кога по своето удираме, зошто ништо не ни трга на арно во оваа држава? Зошто многу луѓе си отидоа од тука? Кога си доаѓаш дома те пречекуваат со камења за она за кое надвор те ставале на пиедестал. „ Кревета два  е една од најубавите балади што сум ја отпеала, на Радиски фестивал во Белград добив награда за интерпретација и уште две награди, дадов над 50 интервјуа за новинари од цел Балкан. Во Македонија ниту знаат за тоа, ниту песната ја знаат. Ама затоа Текила ја знаат и веднаш ја забележаа. Овој проект ме чини еден тон пари од џеб, и додека сите летуваа некаде, јас немав ни пет дена одмор како што треба. Целото лето го посветив на неколку проекти на кои работев. Но задоволна сум од резултатот и од фидбекот. Ме растажува ситуацијата во Македонија, да се плука на се и сешто без филтер, каде ќе не доведе сета таа негативност? “  Елена вели дека и таа во животот имала слична ситуација како во песната. „ А кој немал таква случка - да го види бившиот со некоја друга? Но јас не се тешам со текила, и не пијам текила воопшто. Не ми треба утеха од таков тип, јас сама си ги решавам сите проблеми ", низ насмевка коментира Елена. За крај ја прашавме дали по разделбата со поранешниот сопруг, верува дека повторно ќе и се случи нова голема љубов? „Јас имам многу љубов за да ја подарам некому кој ќе знае да ја цени мојата искреност, посветеност и љубов. Toj ќе биде мојот животен сопатник. Сега сума со многу повисоки критериуми во изборот, но сепак верувам дека од пишаното не се бега. Ќе дојде љубовта кај мене кога ќе и биде време. Не форсирам ниту сум во потрага по партнер, моментално сум посветена на работата и на семејството, ни рече Елена. Нејзината внука Делфина е нејзиниот мотив за живот по смртта на татко и, кој почина лани по една ипол година борба со ракот. Таа буди чувство на љубов во мене. Ме потсетува дека децата се најубавото нешто што можело да му се случи на човештвото и најубавата фаза во животот на еден човек. А мајчинските и теткинските чувства се едно исто. https://www.youtube.com/watch?v=PqkKqzlwmJ0 За Женски Магазин разговараше Милица Џаровска