Елена Ристеска: Ќе запеам на шпански, акцентот го погодив од прва

Елена Ристеска ќе сними шпанска верзија на актуелниот хит „Текила и лимон“, песна со која пред еден месец отвори ново поглавје во кариерата. Заразниот рефрен со кој ја разбранува домашната јавност популарната пејачка наскоро ќе го пласира на европскиот музички пазар, а текстот го приспособи Маруја, искусна пејачка и текстописец која соработува со „Сони јуниверзал“. - Првпат ќе запеам на шпански јазик. Ми рекоа дека од прва сум го погодила акцентот. Всушност, не беше тешко ако се земе в предвид дека студирав италијански јазик кој е од иста група на јазици како и шпанскиот, односно романска група на јазици–открива Ристеска. Под закрила на издавачката куќа „Ефектив рекордс“ темата „Текила и лимон“ неодамна беше официјално промовирана и во Москва, а првиот човек на продукцијата деновиве ќе допатува во Скопје. - Ќе снимиме уште неколку демо  снимки за да го одбереме следниот сингл кој ќе го издадеме во Русија и регионот. Му верувам на Кирил. Тој ја издаде и темата Nentori на албанската пејачка Арилена Ари која моментално е една од најуспешните „траки“ во Европа – појаснува пејачката. [caption id="attachment_4262" align="aligncenter" width="612"] Пред една недела, Ристеска го објави и ремиксот на „Текила и лимон“ потпишан од руските диџеи „Беверли пилс“. Видеозаписот моментално е хит и на израелскиот канал „Тета мјуизк лејбл“.[/caption] Пред една недела, Ристеска го објави и ремиксот на „Текила и лимон“ потпишан од руските диџеи „Беверли пилс“. Видеозаписот моментално е хит и на израелскиот канал „Тета мјуизк лејбл“. По реализираниот дует со босанската поп-ѕвезда Хари Варешановиќ, за наредната година Елена најавува уште неколку интересни соработки со докажани имиња од регионот. - Имам одлични рефрени и за балканскиот пазар. Сергеј Четковиќ веќе ми подари песна и се очекува да направиме дует. Нови композиции за мене работат и Ален Лемешевиќ и Маја Сар со сопругот Махир, докажани композитори и продуценти од Босна и Херцеговина. На новиот материјал ќе има теми и од македонски автори кои се вклопија во целиот концепт. Еден од нив е Роберт Билбилов, а другиот Лазар Цветковски – информира таа. За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов   Преземање на текстот е можно само со дозвола од редакцијата на Женски Магазин