,

ЕМОТИВНО МУЗИЧКО ПАТУВАЊЕ СО МАТИЈА ДЕДИЌ И ЗОРАН ПРЕДИН

За прв пат во Македонија доаѓа двоецот Предин и Дедиќ со нивниот проект „Трагови и сјети“, проект кој веќе ги пропатува речиси сите градови од поранешна Југославија и ги освои симпатиите на публиката и критиката. На 17 и 18 ноември во МНТ македонската публика ќе има можност да ги слушне најубавите песни на Предин и најпознатите хитови кои будат спомени на различни генерации. „Јесен у мени“, „Галеб и ја“, „Зажмури“, „Магла“, „Ти си ми у крви“, „Васа Ладачки“, „Те ночи кад умрем“, „А сад адио“ … како и многу други песни од големите автори на поранешна Југославија. Влезниците за концертите на 17 и 18 ноември во МНТ се веќе во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, Југотон и онлајн.