ЕМОТИВНО РОДЕНДЕНСКО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОД УЧЕНИЦИТЕ ЗА ПЕЈАЧОТ ТОМИСЛАВ МАНИЌ: Ме пречекаа со песната „Црвени рози“

Ми се јави еден од учениците, и ми рече да дојдам во ресторанот во Градскиот трговски центар, и дека е таму некој пријател кој сака да ме види. Заминав во договореното време, и што да видам: на нозе ме пречека целиот клас пеејќи ја мојата песна „Црвени рози, за вас мадам“! Учениците на кои им бил класен, го изненадиле легендарниот пејач Томислав Маниќ за неговиот 86 роденден. Генерацијата матуранти од 1979 година од економското училиште „Моше Пијаде“ кое сега се вика „Васил Антевски-Дрен“ му подготвиле забава-изненадување на својот класен, и го пречекале во ресторанот пеејќи го неговиот најголем хит „Црвени рози, за вас мадам“. [caption id="attachment_15477" align="aligncenter" width="640"] За симболиката да биде уште посилна, ми подарија уметничка слика и букет црвени рози.- Маниќ со учениците[/caption] „Четириесет години предавав историја во „Моше Пијаде“, а овој мој клас беше најуспешен во историјата на училиштето. Беа наградувани на ниво на Југославија и како награда, кога матурираа во 1979 година добивме седумдневна екскурзија на браната Ѓердап“, ја започна својата приказна Маниќ. За целата организација околу неговиот роденден, тој немал поим. „Ми се јави еден од учениците, и ми рече да дојдам во ресторанот во Градскиот трговски центар, и дека е таму некој пријател кој сака да ме види. Заминав во договореното време, и што да видам: на нозе ме пречека целиот клас пеејќи ја мојата песна „Црвени рози, за вас мадам“! За симболиката да биде уште посилна, ми подарија уметничка слика и букет црвени рози. Бев навистина многу возбуден. Не знам дали вакво нешто му се случило на некој друг класен?“, додаде Маниќ. Тој вели дека за сите овие триесет и девет години од матурирањето на златната генерација, тие одржувале повремени контакти. Но, оваа средба била најемотивна и највесела. [caption id="attachment_15476" align="aligncenter" width="640"] Се сеќававме на се. Кој во кого се вљубил, кој по кој предмет добил единица, на нашата екскурзија на браната Ѓердап. Си раснакажавме разни хумористични случки од тоа време[/caption] Сите мои ученици сега станале големи луѓе, ништо помалку од нив не ни очекував. Симпатично е што некои од нив се веќе баби и дедовци“, раскажа тој. Најубав дел од средбата било евоцирањето на спомените од школските денови. [caption id="attachment_15473" align="aligncenter" width="643"] Бев навистина многу возбуден. Не знам дали вакво нешто му се случило на некој друг класен?- Маниќ со учениците на роденденот[/caption] „Се сеќававме на се. Кој во кого се вљубил, кој по кој предмет добил единица, на нашата екскурзија на браната Ѓердап. Си раскажавме разни хумористични случки од тоа време. Бескрајно сум им благодарен на моите ученици. Овој нивен гест, навистина ме допре“, раскажа легендарниот пејач и некогашен професор. Најголемата радост на Маниќ, по пензионирањето се внуците и Љубица и Петар, кои исто така се занимаваат со музика. Бубе свири клавир, како и нејзиниот татко, синот на Томислав, Александар, а внукот Петар гитара. За Женски магазин, Милица Џаровска