,

Жените го сакаат Раде

Жените ги сакаат неговите песни. Една од неговите фанови е и самата Анџелина Џоли, со која и работеа заедно на нејзиниот филм „Во земјата на крв и мед“. Хрватскиот актер со холивудска кариера Раде Шербеџија на 4 и 5 ноември ќе настапи во Скопје. Тој ќе одржи два ексклузивни концерта во Македонската опера и балет, придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб. Шербеџија во Скопје ќе го промовира новиот албум, кој ќе излезе на средината во октомври. На скопските концерти ќе настапи со репертоар во кој ќе ги има сите класици како: „Не дај се Инес“, „Мени се душо од теби не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“ и др. Каролина, Гаро и браќата Тавитјан и Јана Стојановска - специјални гости на концертите на Раде Шербеџија во Скопје! Билетите се веќе во продажба. https://www.youtube.com/watch?v=37YgIgLX6Pg