Жените се најбројни во Литванија, Естонија и Летонија

Жените во ЕУ просечно заработуваат помалку од мажите, иако поголем дел од жените има факултетско образование-ова го откриваат податоците на Евростат за половата еднаквост во секојдневието. Податоците укажуваат дека скоро во сите држави во ЕУ, жените стапуваат во брак порано од мажите. Најголеми се разликите во Бугарија, Романија и Грција, (разликата е 3 години, а најмали во Ирска, Португалија, Британија и Литванија (помалку од 2 години). Во сите држави на ЕВ, жените во просек живеат подолго. Животниот век во 2015 кај жените бил 83,3 години, а кај мажите 77,9. Интересен е податокот дека во ЕУ има вкупно повеќе жени од мажи, (за 5% повеќе во 2016), додека кај помладите (до 18 години) ситуацијата е обратна. Литванија, Естонија и Летонија се земји со најголем процент жени, додека мажите се позастапени во Шведска, Малта и Луксембург. Помеѓу самохраните родители, доминираат мајките и тоа седумпати повеќе од татковците. Според степенот на образование, жените со факултетска диплома се побројни. Овој тренд постои во скоро сите држави од ЕУ, а најголеми се разликите во балтичките земји како и во Словенија, Финска и Шведска.