Женски Магазин желби за 2018: Милица Џаровска – Со мерак и со уживање го напишав секој ред за вас

Драги наши, Женски Магазин ми даде шанса за нов работен почеток. Со мерак и со уживање го напишав секој ред за вас, нашите читатели. Новата година, и за вас нека биде продолжеток на веќе постоечките мераци, радости и уживања, а ако ви се појави шанса за нови, не ги пропуштајте. Ви посакувам добро здравје и секогаш негувајте го она што е најважно: ведар дух, насмевка на лицето, и времето поминато со вашите најмили. Среќна и весела нека ни е Новата година! Ваша, Милица Џаровска