Женски Магазин желби за 2018: Нина Беадер – не откажувајте се од детето во себе

Драги дами и читатели на Женски Магазин, Оваа година ќе Ви посакам да бидете исполнети и да споделувате најубави моменти со вашите најмили. Да немате ниедна причина за тага, да го славите денот и да се радувате на секој зададен момент. Да се чувствувате удобно и среќно во своја кожа, да сакате и да бидете сакани со цело срце, да заборавите на неубавото и да продолжите кон исполнување на сите ваши сни и цели. Бидете самоуверени и свои и сонувајте со очи широко отворени! Не заборавајте да се насмеете, и да ги потсетите своите најблиски колку вистински и бескрајно ги сакате, и не откажувајте се никогаш од детето во себе. Прегрнете го животот како никогаш до сега! Патувајте, и секој нов авионски билет да Ви стане секојдневие, а секоја нова дестинација да го разбуди космополитот во Вас, и во секој град да се чувствувате како дома. Наздравете со добро вино и во добро друштво, бидејќи никогаш не е предоцна за новите почетоци што допрва идат. Среќни празници драги читатели ! Со почит, Нина Беадер: Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana : https://ninabeaderblog.wordpress.com/