Женски Магазин желби за 2018: Ѓорге Стојанов – Посакувам животот да биде музика. Живели!

Кога го прашале големиот Стивен Хокинг за што најмногу размислува во текот на денот, одговорил: „Жените. Тие се потполна мистерија“. Кога ме прашаа дали би сакал да пишувам за „Женски магазин“ веднаш прифатив. Не затоа што ги разбирам жените, туку поради една нималку наивна борба – да престане да се клика лажното и да се поддржи важното. Во новата година посакувам копи-пејст „новинарството“ да биде исклучок, а не правило. А, нашите читател(к)и, секој ден сè повеќе на број, ме охрабруваат да верувам во чуда. Нашите читател(к)и покажаа дека умеат да се информираат, едуцираат и пред сè да се забавуваат и без сензационални наслови и „ексклузивни“ фотографии од „Инстаграм“. Празничниот рефрен на „Леб и сол“ е за сите нив. „Среќна нова година, желби и сеќавања, се мешаат ноќеска во една прегратка.“. Посакувам животот да биде музика. Живели! Ѓорге Стојанов