Женски Магазин желби за 2018: Aна Јордановска – Вие самите сте творци на вашата среќа

Драги девојки, жени, читатели на Женски магазин,

Нека ви е среќна новата година и претстојните празници. Нека оваа година ве исполни со голема доза среќа, љубов и душевен мир. Дочекајте ја новата година во здравје и нова енергија, спремни за нови предизвици и нови почетоци.

Исполнете се со нова животна енергија, нова радост, нова доза на креативност и мотивација. Нахранете ја душата, телото и умот.

Останете секогаш со насмевка на лицата и топлина во душата затоа што секоја нова година е причина плус да продолжите со позитивната енергија. Сакајте и бидете сакани. Уживајте во сите мигови кои ви престојат со луѓе со кои се чувствувате опуштено. И за крај, оваа година зголемете ја вербата во себе, затоа што вие самите сте творци на вашата среќа.

Уживајте во новата година.

Со почит, Ана Јордановска