Живеат во една соба, да ги усреќиме барем малку: Донирајте подароци за социјално загрозени дечиња од Сопот

Женски магазин како дел од хуманата новогодишна кампања „12 елки – 12 медиумски приказни“ Ве повикува да донирате новогодишни подароци под елките, кои се наоѓаат на вториот кат во Скопје Сити мол. Основни производи (хигиена, храна, облека) за да ја поминат студената зима им требаат на трите дечиња (две момчиња на 6 и 5 години и девојче на возраст од 4 години) кои потекнуваат од социјално загреозено семејство. За овие умни дечиња, добредојден е секој новогодишен подарок од хуманите граѓани. Акцијава полека ја буди свеста кај граѓаните, но ВИЕ можете уште подоброи повеќе да бидете хумани. Затоа ве повикуваме да донирате новогодишни подароци под елките, кои се наоѓаат на вториот кат во Скопје Сити мол.

Подароците кои ќе бидат собрани за семејството на крајот од кампањата по 4 јануари ќе бидат однесени во нивниот скромен дом. Ајде заедно да им ги обоиме празничните денови кои следат и да ја покажеме хуманоста на дело.

Донирајте и вие. Бидете дел од детската радост за Нова Година. Да им дадеме можност да уживаат во своето безгрижно детство на вистински начин.

Повеќе за сторијата на семејството читајте ОВДЕ.

Живот во сиромаштија: Да му помогнеме на петчлено семејство да ја преживее зимата