ЖИВОТНА ПРЕСВРТНИЦА: Од бездомничка оваа дама се издигна до милионерка

Од бездомничка до милионерка. Приказната за животната пресвртница на Американката Дени Џонсон, деновиве ја пренесоа најголемите светски медиуми, и ги воодушеви сите оние што веруваат во „американскиот сон“, бидејќи Џинсон пред со години живеела без кров над главата.

Животот има чудни правила

Жената која потекнува од сиромашно семејство со еден родител наркоман, а уште како дете била изложена на физичко и на сексуално насилство, течко дека и самата ќе поверуваше во развојот на нејзиниот живот. Џонсон на 17 година и самата останува бремена, а 4 години подоцна го напушта родното место и заминала на Хаваите, каде се вработила како келнерка.

Во почетокот живеела мизерно, престојувала во нејзиниот автомобил и била зависник од кокаин и алкохол. Тоа ја довело до самото дно. Била подготвена и на проституција за да дојде до дрога. Се чуствувала депресивно и безнадежно, се до Бадник 1990 година кога конечно решила да си го одземе животот. Отишла до брегот на океанот со намера да се удави, но во последен миг се предомислила и се откажала од таквата идеја.

Следното утро кога се разбудила случајно забележала леток со реклама за програма за слабеење. Се јавила на бројот на летокот со намера да ја вработат како нивни застапник, но бидејќи немала пари за почетен капитал, а ни потребна дозвола, нејзиното барање било одбиено.

Тогаш решила самата да почне да „продава“ програми за слабеење. Изработила летоци и ги растурила низ градот. По само три часа веќе добила нарачки во вредност од 4.000 долари, за една година  заработила 250 илјади долари, за две веќе 1 милион.

Денес работи како мотивациски предавач и пишува книги. Во меѓувреме и се омажила и има пет деца.