Животните лекции на Регина Брет: Никој нема право да управува со твојата среќа, освен ти

Овие лекции ги напишала жената која била единаесетто дете во семејството, која на 16 години своите проблеми ги натопувала во алкохол, која откако родила во 20-тата година, 18 години сама ги подигала и воспитувала своите деца, жена која успеала да го победи ракот на дојка во 41-година , жена кој дури во 45 година ја сретнала својата вистинска љубов, жена која направи сјајна новинарска кариера. 1. Животот не е фер, но сè уште е добар. 2. Кога се двоумиш, направи уште еден чекор. 3. Животот е толку краток што не треба да го трошиш на било која личност која ја мразиш. 4. Не се сфаќај сериозно, бидејќи ниту другите не те доживуваат така. 5. Плаќај ги долговите и сметките секој месец. 6. Не мора да излезеш како победник во секоја расправија. Согласи се на туѓото мислење, бидејќи и двете страни може да бидат во право. 7. Плаќај заедно со некого. Тоа повеќе те лечи одошто кога плаќаш сам. 8. Во ред е да се налутиш на Господ. Тој те трпи и разбира за сè. 9. Штеди за староста, но почести се од првата плата. 10. Сакај ги твоите родители, бидејќи многу бргу ќе си отидат. 11. Помири се со минатото за да не ти ја расипува сегашноста. 12. Сосема во ред е да те видат децата како плачеш. 13. Не го споредувај својот живот со туѓиот. Никогаш не знаеш каков бил нивниот животен пат. 14. Ако некои односи треба да бидат тајни, немој да бидеш дел од нив. 15. Сè се менува со само едно трепнување на окото. 16. Диши длабоко, бидејќи тоа го лади умот. 17. Ослободи се од сè што е непотребно, убаво или за уживање. 18. Она што не те убива, ќе те направи посилен. 19. Никогаш не е доцна да имаш среќно детство. Но, во второто детство сè зависи од тебе, а не од другите. 20. Ако се стремиш кон нешто што го сакаш во животот, не прифаќај „Не“ за одговор. 21. Пали свеќи, употребувај убави свеќници и облечи се убаво. Ништо не чувај за посебни пригоди. Денес е таа посебна пригода. 22. Добро подготви се па „нурни во водата“. 23. Биди ексцентрична личност сега, не ја чекај староста за да се облакаш шарено. 24. Најважниот сексуален орган е мозокот. 25. Никој нема право да управува со твојата среќа, освен ти. 26. Запомни го ова прашање многу добро: „Дали тоа ќе ти значи нешто за 5 години?“. 27. Секогаш одлучувај да бидеш среќна личност. 28. Простувај. 29. Она што другите го мислат за тебе не е твоја работа. 30. Времето лечи речиси се. Дај му време на времето. 31. Колку и да е ситуацијата добра или лоша, таа ќе се промени. 32. Твојата работа нема да се грижи за тебе кога болеста ќе дојде. Таа задача ќе ја имаат пријателите и роднините. 33. Верувај во чудата. Само така ќе ги забележиш кога ќе се случат. 34. Бог те сака затоа што е Бог, а не затоа што ти си ти. 35. Не го преиспитувај животот. Живеј го сега. 36. Стареењето ја победува алтернативата да се умре млад. 37. Твоите деца имаат само едно детство. 38. Се што останува на крајот е она што навистина си го сакал. 39. Излегувај секојдневно. Чудата секаде те очекуваат, а и сончевите зраци ќе ти донесат среќа. 40. Ако ги споредиме нашите проблеми со туѓите, голема е веројатноста дека ќе сакаме да ги замениме со туѓите. 41. Љубомората и зависта се само губење на време. Имаш сè што ти е потребно. 42. Она најдоброто сè уште не дошло… 43. Не е важно како се чувствуваш. Стани, облечи се и излези. 44. Секогаш допринесувај… 45. Животот не е спакуван со панделка, сепак е подарок. Отвори го и заблагодари се.