„Живот со стил“ вечерва на телевизија 24

На Телевизија 24 вечерва од 21 часот стартува новата сезона на „Живот со стил“. Во ново студио, со освежен концепт, Елена Стефановска повторно ќе не забавува заедно со своите гости. Во интервју за Женски Магазин, Елена ни откри: Мене луѓето ме запознаваат како Елена – Живот со стил и во рамките на новото шоу јас и понатаму ќе бидам истата Елена којашто ќе зборува за животот со стил, но во ново руво. Јас лично сметам дека е време за нови професионални предизвици во областа во којашто одлично „пливам“ со години. Концептот на шоуто е по пример на светските ток шоуа кои ги гледаме и кои доминираат со големите Тв куќи, а ние решивме таков квалитет и шоу да и овозможиме на македонската публика, а на гледачите им понудиме Тв шоу од светски калибар со многу гости, изненадувања и теми со кои ќе се трудиме да ја подигнеме свеста на граѓаните, а притоа го опфаќаат секојдневниот стил на живеење.