,

Заборавете на бившиот, помислете на себе

Раскинувањето со партнерот најчесто знае да биде неубаво искуство, измешани емоции обвиткани во разочарување и лутина, пат без компас, денови исполнети со балади од Јутјубшпионирање на секој негов чекор, долгометражни кафиња со најблиските и емотивни терапии со различни убедувања дека пак ќе ви се јави, не бил за вас, така требало да биде, ќе биде подобро… Оставете се настрана. Тргнете се од клишето и направете нешто за себе. Дозволено Ви е да плачете, но не да се претплатите месечно на тоа чувство и потреба за да бидете сакани. Ги имате вашите најблиски кои безусловно ве сакаат, а само домот е местото каде што се сѐ лечи и поминува исто како кога бевте мали, и при секоја рана ве бакнуваше мајка ви велејќи дека така се расте. Вие сте во светот на возрасните, и созревањето и надоградувањето на себеси е единственото нешто кон коешто треба да се цели, без оглед на околностите. 1. Најпрво сменете нешто кај себе. Отидете кај вашиот омилен фризер, сменете ја бојата, должината и стилот на вашата коса. Каролина Гочева во својата песна Бои вели дека ако се реши жена да бега, косата знај ја издава неа… Ризикувајте, сменете, и насмевнете се на новиот лик во огледалото отспротива. Избегајте од неубавите чувства, и разбудете ја жената во себе, која до пред некое време одлично владееше со самата себе и со својот свет. Извадете ги омилените парчиња облека, и облечете ги со поинаква енергија. Овојпат, вие на прво место. 2. Тело и ум како најдобра одмазда Светските ѕвезди секој свој неуспех го решаваат во теретана и низ низата на спортски активности. Па така, дури и светски познатата Клои Кардашијан ги премина најтешките мигови на развод градејќи се одново себе во теретана, каде притоа издаде низа водичи за здрава исхрана како и вежби за подобра форма на телото, а своето тело го доведе до перфекција.   Теретаната не само што ќе ви ги отфрли сите непотребни токсини од телото и душата, туку и е одлична подлога за создавањето на нови пријателства но и раѓање на нови идеи. Исфрлете го бесот и незадоволството низ вежби и спортски активности, сменете начин на исхрана и засакајте се себеси без грам шминка и присуството на фабулозни парчиња облека. Дозволете си чистење на душата, и наместо долги обвинителски пораки кој е крив, возвратете го ударот со тоа што ќе се чувствувате одлично во своја кожа. 3. Научете нов јазик или посетете курс по ваша желба Да се изучи нов јазик никогаш не е предоцна, а бенефитот од познавањето на уште еден светски јазик нема цена. Не само што ќе научите за уште една култура плус, туку и ќе бидете повеќе од горди на самите себе, кога на пример во една Италија ќе порачате кафе на италијански, а без никаков проблем ќе зборувате со локалците на нивен јазик. Да, вие повеќе не сте онаа жена која до вчера зборуваше за него, вие сте космополит и зборувате уште еден јазик плус, оној којшто тој никогаш нема да го разбере. 4. Остварете ја целта Остварете ги плановите што еднаш Ви беа зацртани, но поради посветеноста на угодувањето на сите освен на вас, останаа неисполнети а сѐ уште важат за битни. Завршете го факултетот, положете го возачкиот испит, дозволете си го патувањето што ве исполнуваше, вработете се онаму каде што сакате, посветете го времето на луѓето кои ве прават среќна. Избегнувајте теми што ве асоцира на враќањето на минатото, пополнете ја онаа празнина, што сега ќе ве направи целосна. Образованието е важно пред сѐ за себе, и надоградувајте се само за ваш бенефит, а да си независен возач ќе ви ја врати изгубената самодоверба и ќе ви ја отвори можноста да отпатувате некаде сами, без ничија дозвола. 5. Патувајте Секоја дестинација носи своја приказна, ново ќоше за истражување, нова кујна којашто допрва треба да се дегустира. Филмот „ Eat, Pray and Love, како и самата книга ве водат на животното патување што си го должите сами на себе, и каде многу од прашањата ќе ви бидат одговорени. Денот поминат на различна локација со нови лица, ќе ви ја врати насмевката и чувството на живост, а спојот со различна култура ќе ви врежи спомени што срце топлат.   За Женски Магазин, Нина Беадер  Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana : https://ninabeader.wixsite.com/styleinmotion