,

Загадениот воздух е штетен колку цигарите за бебињата

Нечистиот воздух може да доведе до тоа мајките да раѓаат помали бебиња. Тоа го тврди новото истражување, според кое, исто така, дишењето на загаден воздух во текот на бременоста е исто толку штетно, колку и пушењето, пишува EurActiv. Истражувањето, спроведено од универзитетите во Единбург и Абердин, открива дека бебињата во Шкотска, изложени на опасно загаден воздух, кои вдишувале од нивните мајки имале помали глави и пократки тела. Истражувањето исто така покажа дека мајките кои пушеле за време на бременоста, но биле изложени на помалку загаден воздух, родиле деца со слични дефекти. Студијата донела предвид репрезентативен примерок од североисточниот дел на Шкотска, каде загадувањето на воздухот е помалку изразено отколку во градовите како Единбург и Глазгов. Највисоките средни концентрации утврдени за време на истражувањето, биле 7,2 микрограми на кубен метар, што е далеку под просек од 10 мкг на кубни метри кои се препорачани од Светската здравствена организација (СЗО). Главниот научник д-р Том Клеменс објаснува дека откритијата на неговиот тим покажале дека ембрионот на мајка која не пуши, но е изложена на високи нивоа на загадување на воздухот, е само малку подобар отколку оној на мајка-пушач, изложена на ниски нивоа на загадување на воздухот. Тој повикува СЗО и Европската унија да ги преиспитаат своите посебни дефиниции за тоа кои нивоа на емисии се сметаат за дозволиви.