ЗАЕДНО ПО ГОДИНА ДЕНА: Познатиот актер Орландо Блум и се врати на поранешната љубов

Според пишувања на светските медиуми, актерот Орландо Блум и пејачката Кети Пери успеале да ги надминат проблемите од минатото, и повторно да ја продолжат својата емотивна врска. Блум и Пери раскинаа во март 2017-та а после неполна година дена одлучија на својата врска да и дадат уште една шанса. Како би се посветиле еден на друг и во тајност помириле, славниот пар отпатувал на Малдивите каде престојувал во истиот луксузен готел. -Тие се повторно заедно и Кејти сака овој пат нивната врска да успее. Таа се обидуваше, но не можеше да го заборави. Премногу се грижи за него. Тие засега не сакаат да соопштуваат, но се смирија-рекол извор за британски „Сан“. Иако се разделија пролетта лани, холивудскиот актер и музичка ѕвезда цело време биле во контакт, си ги лајкувале фотографиите еден на друг на Фејсбук и се видени заедно на неколку настани.