ЗАПОМНИ: КОГА УМИРАМЕ, нема да понесеме ништо со себе ОСВЕН ДУШАТА!

Затоа е штета цел живот да го посветиме само на полнење џебови, а при тоа да ја запоставиме душата. Подобро собирајте прекрасни искуства, лекции и убави моменти отколку да купувате работи кои не ви требаат. Работите може некој да ви ги украде, уништи или да исчезнат, но убавите моменти со кои сте ја исполниле душата и лекциите кои сте ги научиле, никој не може да ви ги земе никогаш. Тоа е засекогаш ваше. Размислете денес со што можете да ја исполните својата душа. Прошетајте, поразговарајте со некој кој ви е важен, пуштете ја омилената музика и пејте.