Зачини што мора да ги имате во кујна – тие се лек за многу болести

Постојат зачини кои се исклучително здрави намирници, кои треба да се користат при подготовката на храна.

Куркума

Позната како индиско злато, куркумата поседува силни медицински својства кои може да елиминираат штетни состојки од човечкиот организам. Тоа што е најважно е дека ги подобрува мозочните функции и спречува срцеви болести. Помага и при намалување на симптомите на артритисот, Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Црн пипер

Овој зачин помага при варењето на храната, го намалува запекот и останатите проблеми во дигестивниот тракт. Истражувањата покажаа дека е добар и за превенција на рак, но и во лечењето, како и при депресија , висок крвен притисок, борбата со пушењето и проблеми со штитната жлезда.

Цимет

Најчесто се користи кај подготовка на слатки, но помага и при намалување на шеќерот во крвта. Истражувањата покажаа дека луѓе со тип 2 дијабетес, кои дневно користат цимет, го намалиле шеќерот во крвта. Циметот е добар за намалување на холестеролот, а сите треба да го користат затоа што помага во превенција на рак, срцеви удари и труење со храна.

Мускатно оревче

Овој ароматичен зачин содржи миристицин, етерично масло кое може да се најде во билките како морков и целер. Докажано е дека го намалува холестеролот, депресијата и мачнината, а го подобрува помнењето и ја зголемува сексуалната желба.

Ѓумбир

Го олеснува и го поттикнува варењето на храната, ја ублажува надуеноста и желудочните тегоби, а спречува и грчеви. Освен тоа, има антиалергиски, смирувачки и антибактериски својства, а поради антихистаминските дејства се користи и при лечење алергии. Идеален е за подигање имунитет и ублажување на симптомите на настинка.