За најхрабрата и најсилната жена на светов: Мојата мајка!

Кога на мојата мајка за прв пат ѝ беше дијагностициран карцином на дојката во 2007 година, таа беше во шок. Направи се' што ја советуваа тогаш лекарите. Хемотерапија, дупла мастектомија и зрачење. Бевме толку благодарни и тогаш со олеснување рековме: овој кошмар заврши. Во ноември 2009 година, точно две години по нејзината почетна дијагноза, открија дека ракот се вратил и дека метастазирал на лимфните жлезди, коски, бели дробови, а подоцна и на црниот дроб и дел од мозокот. 

Изгледаше како невозможна борба за освојување, но мојата мајка се бореше повеќе отколку што мислеше дека може. Помина безброј часа на истражување на ракот и како тој се создава и како може да исчезне на базично ниво. Драстично ја промени исхраната. Престана да јаде месо и пржена храна, јадеше исклучително свежо овошје и зеленчук, премина на вегетаријанство. Тргна на јога и почна да вежба со личен тренер. Беше во топ форма, а физички и психички изгледаше подобро од никогаш досега. 

Тогаш почнав да сфаќам дека мојата мајка била многу повеќе од „само“ моја мајка-таа е премногу силна, паметна, упорна жена, која најмногу од се' сакала да остане што подолго со своето семејство и пријатели. Мојата мајка направи се' што можеше медицински, ментално, духовно и физички за да остане овде со нас. Тоа никогаш нема да го заборавам. 

Се' ова ме потсетува кога мајка ми најмногу ми недостига. Бидејќи таа веќе не е овде. Таков жар во очи и толкава желба да остане со нас, не може да се опише со зборови. Мојата мајка би поместила и планини ако треба само да остане. Ја гледаше смртта во очи и говореше: „А не, не е уште моето време да одам“. А кога дојде тоа време, мораше да ја предаде битката, но не плашеше. Често ни говореше колку не сака, многу нас сите не сака, сака, сака, се додека гласот на мојата мајка не згасна. Мојата мајка беше најсилна, најхрабра жена која некогаш ја имав, и можам со сигурност да кажам дека никој претходно ниту после нејзе, не може толку да ме инспирира и подигне како што таа само знаеше и умееше.