ЗА ОНИЕ КОИ САКААТ ДА ОСЛАБНАТ: Еден залак помалку прави чуда

Студеното време бара помасна храна, а зимата е период кога има многу слави и не треба да се претерува со јадење.

Но, што се случува со нашиот организам ако не можеме да одолееме и секој ден се прејадуваме?

Прекумерното внесување на храна и алкохол придонесува за потешко варење.

Во текот на зимата се смета дека секој четврти човек има болка во горниот дел од стомакот поради прејадување.

За да се избегне надуеност и мачнина мора да се внимава колку храна се внесува.