За прв пат во Македонија конференција „100 Жени Претприемачки“

За прв пат во Македонија се случува ексклузивен настан посветен на жените конференција „100 Жени Претприемачки“. „Business ladies – Забава, инспирација, мотивација, вмрежување“ Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денеска со пригоден говор  ја отвори конференцијата „100 жени претприемачки“. Конференцијата е во организација на „Kasia Еvents“. На оваа конференција  присуствуваат жени кои што се сопственички на свој бизнис и жени кои имаат неограничени претриемачки идеи, но им недостига охрабрување да го направат првиот чекор. На конференцијата ќе има гости – презентери (претприемачи/чки) кои на сликовит начин, со конкретни примери ќе го претстават нивниот пат во претпиемаштвото. Презентерите до сите учесници ќе дадат соодветни насоки и примери како да се биде сè поуспешен во водењето на својот бизнис.