,

За сите оние кои сакаат да мирисаат како Дејвид Бекам

Поранешниот британски фудбалер Дејвид Бекам на 1 февруари ќе лансира свои производи за машка козметика под името „House 99“ во Велика Британија. Производите на Бекам за машка козметика- средства за бричење, лице, тело, тетоважи, ќе почнат на 1 февруари ексклузивно да се продаваат во продавниците на „Харви Николс“ во Велика Британија, а од 1 март и во останатите продавници, како и во 19 земји ширум светот. Поранешниот фудбалер рече дека се одлучил во брендот да го стави бројот 99 бидејќи 1999 година била одлучувачка година за него, како спортист, а и поради раѓањето на неговиот прв син Бруклин.

Дејвид Бекам е во брак со Викторија, која после музичката кариера во поп групата Спајс грлс постигна успех како модна дизајнерка. Има своја модна линија на облека и дизајнираше наочари за сонце, парфеми, рачни торби и накит.