,

За успешен брак потребни се четири видови љубов

Бракот и љубовта се концепт кој станува уште посложен со деца. За да биде успешен потребно е да се сака со страст, како пријател, безусловност, но и прагматичност. Старите Грци разликувале шест видови љубов: Philia, Eros, Pragma, Ludus, Agape i Philautia, а за успешен и среќен брак важно е да работите на барем првите четири.
  1. Philia
Ова е вид љубов која го дефинира вистинското пријателство. Во врските во кои е нагласена љубовта ( philia ), партнерите меѓусебно се поддржуваат, еднакви се и работат како тим. Овој вид на љубов е многу важен во бракот. Луѓето кои се во брак би требало да бидат најдобри пријатели, меѓусебно да се третираат како еднакви, како што и се, во суштина. Бракот во кој сопружниците се дружат, разговараат и се смеат, имаат голема поврзаност и наклонетост еден кон друг, тоа е брак на силна philia. Кога луѓето не се „само“ сопружници туку и пријатели, бракот е многу позабавен, почесто се смеат и комуницираат. Имаат меѓусебна поддршка, а со неа и поголема сигурност во себе и своите избори.
  1. S. Lewisво книгата четири љубови напоменува дека оваа љубов е најмалку природна, бидејќи природно луѓето немаат потреба од пријатели, за да преживеат. Ваквата лубов е пример на човековата еволуција и развој.
Присутност на овој тип љубов помеѓу брачните партнери го прави бракот квалитетен и добар. Затоа ваше е да одлучите дали на својот сопруг или сопруга ќе му бидете пријател и на тој начин ќе го зацврстите вашиот однос.
  1. Eros
Eros е љубов која полна со страст и интимност. Можеме да ја пронајдеме во љубовните врски. Кога се мисли на љубовта, најчесто се мисли на овој вид. За неа најмногу се зборува, пишува и пее. Оние кои мислат дека копнежот спаѓа во eros, не се во право. Копнежот не е љубов, тоа е желба или потреба за нешто или некој, а во својата дефиниција нема реципроцитет, туку е едностран. Eros е исклучително важен кај љубовните партнери кои со време почнале меѓусебно да се запоставуваат. Брачните другари не може да ја вратат страста која постоела на почетокот на врската,  но, одржувањето на мал интимен оган може да ја зајакне врската. Не е исклучено да се запали и нова страст меѓу нив. 3.Pragmа е љубов која човек може да ја пронајде во своето семејство. Таа се базира на емпатија и присутност, како и безусловна љубов. Кога човек ќе влезе во брак или одлучи да основа семејство, се појавува нова, уште посилна врска меѓу партнерите која се базира на одговорност, поддршка, меѓусебно уважување. Благодарение сето ова, љубовта се прелева и на новите членови во семејството. Pragma се базира на идејата,  според која, децата влегуваат во сметката на љубов. Ова овозможува партнерите да не се гледаат исклучиво низ љубов, еден кон друг, туку и низ нова улога која сега ја имаат, пишува Family Share. Вашиот сопруг не е само сопруг, тој сега е и татко, вие сте сопруга и мајка, а заедно имате и задача да одгледате најдобри деца, кои може да бидат најдобро семејство.
  1. Agape
Овој вид на љубов, можеби е најважен во секој брак. Таа опишува несебична, безусловна љубов. Клучно е сопружниците да се сакаат, без разлика на она што им се случува во животот. Безусловната љубов значи дека вашата врска е  силна. Таа значи прифаќање на недостатоците, што ве прави друга личност. Ако партнерите се несебични во своите постапки и комуникација, на партнерот му се даваат без ограничувања,  тие заедно ќе напредуваат и ќе се развиваат. Така ќе се  се усреќат и себе и својот партнер. Дури и мали дела на љубезност и уважување, многу значат за заедничка иднина.