Земјите каде жените најдобро живеат

Исланд и Норвешка се земји со најдобри услови за живот на жените. На дното се наоѓаат Сирија и Авганистан. Ова го покажува новото истражување која е објавено вчера. Мерењето и подобрувањето на женскиот живот е клучот за мирот и безбедноста на народите како целина, изјавија авторите од Институтот за истражување на мирот во Осло и Институтот Џорџтаун за жени, мир и безбедност (GIWPS). Рангирањето опфаќа 153 земји каде што живее 98% од светското население. Тоа опфаќа широк комплекс од индикатори, од насилството над жените, до употребата на телефони и интернет. Како што често се случува при рангирање на напредокот на жените, Блискиот Исток и Северна Африка се на дното на ранг, а скандинавските земји доминираат во горниот дел на листата. Според табелата првите места ги заземаат Исланд, Норвешка, Швајцарија, Словенија, Шпанија, Финска, Канада, Холандија, Шведска, Белгија, Сингапур, Данска, Германија и Велика Британија. САД се рангираа на 22-то место. На крајот на листата се Сирија, Авганистан, Јемен, Пакистан, Централно-африканската република, Демократска Република Конго, Ирак, Мали, Судан, Нигер, Либан, Камерун и Чад.     (Фото: thelocal.ch)