,

(ФОТО) ЗИМСКА МОДНА ИНСПИРАЦИЈА: Познатите дами во најдобрите парчиња сезонава

Освен Неделата на модата која ни стана главна инспирација во последните неколку недели кога станува збор за модата, ништо помалку не се ни стилските комбинации на светски познатите дами од шоу бизнисот. Некои од овие дами владеат со уличната мода, и им благодариме на папараци фотографите на насликаните комбинации на модните икони на денешницата. Тука секогаш се Алекса Чанг, Викторија Бекам, најпознатата блогерка Кјара Ферањи, Блејк Лајвил и многу други кои секојдневно не инспирираат со својот стил и необични комбинации кои можеме лесно да ги ископираме. Како што зимата ни е пред врати, а тоа дефинитивно е период од годината кој сите модни трендсетерки најмногу го сакаат, поради облекувањето на слоеви, разни акцесоари како шалови, капи, но и неизбежни парчиња како што се капутите, чевлите, плетивата и слично. Ви донесуваме неколку впечатливи улични фотографии на познатите дами од кои може да црпите инспирација за следното купување или комбинација која ќе ја облечете...
foto: Profimedia