,

Зимско издание на Скопје Синема Сити

На 2 и 3 февруари 2018, во Кинотека на Македонија, публиката ќе има можност да погледне филмови чии проекции беа дел од третото издание на Скопје Синема Сити. Зимското издание е прв од четирите филмски настани што се планирани да се случат оваа година во различни периоди – нешто што организаторите го нарекуваат „Четири годишни времиња“. Скопје Синема Сити, преку својата платформа и избор на документарни филмови, има за цел да претставува разни музички теми и програми кои истовремено ќе едуцираат и ќе забавуваат. Организатор на фестивалот и селектор на програмата е Ненад Георгиевски, истакнат музички новинар, соработник на All About Jazz и ТВ Војводина, кој и самиот има работено на низа музички емисии и неколку документарни филмови. Програма на Скопје Синема Сити 02.02.2018 (Петок) 20.00– Kraftwerk: Pop Art (60 мин) 21.30– Лиса Жерар:Светилиште (Lisa Gerrard: Sanctuary) (90 мин) 03.02.2018 (Сабота) 20.00 – Во сеќавање на Лу Рид (Remembering Lou Reed) (60 мин) 21.30 – Дејвид Боуви на BBC (David Bowie at the BBC) (60 мин) Картите може да се купат и резервираат на билетарницата во Кинотека на Македонија.