,

Зорица Заева: Животот без насилство е право, а не привилегија!

„Не смее да постои толеранција за насилството. Сакам да ве поттикнам сите - секој од нас да се вклучи во спречувањето на дискриминацијата и насилството врз животот. Животот без насилство е право, а не привилегија!”. Ова се пораките со кои сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева, во улога на покровител се обрати на дебатата „Заедно против насилство врз жените“ реализирана од Организацијата на жени од Струмица. На настанот, во име на Влада на Република Македонија се обрати министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која ги повика сите граѓани да бидат гласни и да пријавуваат семејно насилство, за да може да се помогне со соодветна грижа и заштита и да се подигне општествената свест за овој проблем.