,

Зошто бананата не е добра за појадок според нутриционистите

На сите нас мајките ни говореа дека ако не стигнеме да каснеме нешто поконкретно, да изедеме барем една банана. Но, изгледа дека ова овошје сепак не е погодно за појадок. Нутриционистите наведуваат дека иако бананата изгледа како совршена опција за брз појадок, сепак таа всушност не е тоа. Ако се јадат сами, бананите не се најдобра опција бидејќи во себе содржат дури 25 посто шеќер и спаѓаат во умерено кисели намирници. Најдобар начин за започнување на денот е појадок кој согорува маснотии, и кој ќе ве направи доволно енергични да издржите до следниот оброк. Иако бананите ќе ви дадат краток налет на енергија, брзо ќе почувствувате замор и глад. Тие повеќе се создадени за ужина отколку како конкретен оброк, бидејќи самите не се доволни за започнување на денот. Тоа чувство на умор и глад откако ќе изедете банана за појадок можете да го спречите така што со бананата ќе комбинирате храна полна со здрави масти како авокадо или зачин. Бананите и припаѓаат на групата кисели намирници, таа киселина треба да се неутрализира така што ќе добиеме само добри бенефити од неа како што се калиум, влакна и магнезиум, а не шеќер кој предизвикува само краток налет на енергија.