,

Зошто бебињата плачат навечер

Амриканските научници тврдат дека постои биолошка причина поради која децата плачат навечер, а не се гладни. Имено, се претпоставува дека бебињата на тој начин ги спречуваат родителите да водат љубов и да го шират потомството. Како пишува Daily Mail бебињата се програмирани да ги “манипулираат“  мајките. Освен што ги спречуваат родителите да водат љубов, бебињата кои навечер цицаат ја продолжуваат фазата на неплодноста кај мајката по породувањето. Ноќното будење е почесто во втората половина од првата година на бебињата, објасни професорот Дејвид Хејг. Тој верува дека таквата стратегија користела за да се зголеми шансата за опстанок на бебето.   Уморот на мајка може да се проследи како интегрален дел на „детската стратегија“ за да се зголеми времето до следниот пород,  според една студија објавена во Еволузијата, медицината и јавното здравство.