,

Зошто децата почесто се смеат од возрасните

Зошто децата се смеат и покрај лошите метереолошки услови, кризата во земјата и во светот, покрај војните, поплавите, серомаштијата? Затоа што на друг начин гледаат на работите. Понекогаш најголемите лекции може да ги научиме од децата. Немаат молив? Ќе цртаат со креда. Немаат топка? Ќе ја искористат кутијата. Децата ќе импровизираат куќа во природата, ќе направат колачи од снег, замок од песок, ќе трчаат боси по тревата... Кога ќе им се придружи нов пријател, децата нема да се грижат за неговото материјално богатство, за верата, бојата на кожата, за историјата на неговото семејство, за облеката. Од три годишно дете нема да слушнете: „Зборувај ми каков беше како бебе“. Децата  уживаат во сегашниот момент, додека пак возрасните често се навраќаат на минатото. Детето ќе ја искористи секоја можност за да се забавува и максимално да го искористи секој момент. По инекција, детето од докторот ќе го бара шприцот со кој ќе игра. Од кутиите за чевли ќе  направи гаража за автомобил, од парче хартија ќе направи авион и најважното – искрено ќе се смее. Дури и во најтешките делови во развојот детсвото станува поубаво,повесело. Многу малку ни е потребно за среќа, можеме секаде да ја најдеме, потребно ни е само малку волја.