Зошто добрите луѓе умираат млади?

При една прилика синот го запрашал таткото: „Тато, зошто добрите луѓе умираат млади?“ А татко му рекол: „Сине, кога одиш во парк и здогледаш ружи, кои ќе ги набереше? - „Најубавите, тато ...“, одговорил синот. „Така и Бог ги бере најубавите како би ги почестил со Својата близина“, му одговорил таткото!