,

Зошто луѓето зборуваат во сон?

Статистиката покажува дека 25% деца и 5% возрасни зборуваат во сон. Ние одлучивме да дознаеме зошто се случува тоа. Најчесто во сон зборуваат мажите, децата (повради поврзаноста со развојот на мозокот) и емотивните луѓе. Редовно зборуваат во сон и оние кои чувствуваат недостиг на сон, или стрес. Исто така можеме да почнеме да зборуваме поради депресијата, алкохол и висока температура. Во првата и втората фаза од сон, зборувањето може да се сведе на разговор, или пак, сложени монолози, и да трае не повеќе од 30 секунди. Во третата и четрвта фаза тоа повеќе личи на брборење или стенкање. Но нема потреба да се бара некоја смисла во тоа. Она што го зборуваме во сон, нема никаква врска во реалноста. За повеќето од нас зборувањето во сон е -привремена појава која не бара лекување, бидејќи поминува сама од себе. Ако сакате да спиете мирно и спокојно лекарите советуваат да се зголеми количината и квалитет на сонот. Тоа значи да не се конзумира алкохол и кофеин пред спиење, и да не се нервираме.