Зошто луѓето станаа зомби и машини: Силна порака од актерот Киану Ривс го освои светот

„Никој никому не се смее, никој не застанува ни на момент да ѝ се воодушевува на дивата природа. Секој се грижи за своите грижи и брза да исполни што повеќе задачи, како машини.“ Кога ќе излезете на улица, фрлете поглед околу вас и веднаш ќе забележите – секој иде по својот пат, никој со никого не разговара, сите механички се движат низ улиците, со слушалки во ушите, во свој свет и своја музика.  Никој никому не се смее, никој не застанува ни на момент да ѝ се воодушевува на дивата природа. Секој се грижи за своите грижи и брза да исполни што повеќе задачи, како машини. Токму ова го забележал славниот актер Кијану Ривс. Тоа толку го погодило што посакал на сите да им се обрати преку социјалните мрежи, со надеж дека ќе допре до свеста на луѓето:
„Ги гледате ли овие луѓе зад мене? Брзаат на работа и не обраќаат внимание на ништо. Понекогаш сме фатени во замката на секојдневниот живот што забораваме да застанеме малку и да уживаме во убавините на животот. Како да сме зомби. Кренете го погледот и извадете ги слушалките од уши. Кажете му „здраво“ на секој кој го видите и можеби ќе прегрнете некој кој е повреден. Помогнете му на некој. Треба да го живееме секој ден како да ни е последен. Она што луѓето не знаат за мене е дека боледував од депресија пред неколку години. На никој не му зборував за тоа. Морав да се борам со депресијата на свој начин. Личноста  која ме делеше од среќата сум ЈАС. Секој ден е драгоцен така што ајде така и да го третираме. Утре не е загарантирано, затоа живејте денес.