,

Зошто првата година од животот на бебето е најважна?

Во секоја фаза од развојот на детето има одредени задачи. Кога таа задача ќе се исполни, тогаш детето е подготвено да следното скалило. Развојот почнува уште во утробата на мајката, во сигурен свет, каде сите потреби на детето се задоволени. Тоа важи во услови кога мајката е здрава и води грижа за своето ментално и физичко здравје. Самото раѓање на бебето и доаѓање на свет е притисок и стрес за него. Тоа доаѓа од мрак во светлост, и од тишина во врева. Адаптација, плачење, голтање, потстрижување, тоа се работи на кои детето мора да се научи. Во текот на првата година од својот живот бебето мора да добие одговор на само едно прашање кое е многу важно. Дали овој свет е сигурно место за живот? Само сигурен свет е место каде детето ќе истражува и ќе се развива. Дури и во екстремните спортови, прво ќе ја проверите опремата, па ќе спортувате. Нема да скокнете од авион ако немате падобран. Како ќе го убедите детето дека овој свет е сигурно место за живот? Потребна е љубов, безрезервна и доследна. Сигурен свет е оној во кој мајката е главен објект, а потоа и таткото. За да одговорите на потребите на бебето, прво треба да ги прочитате сигналите кои ви ги праќа. Дали доењето е добар начин да се поврзете со бебето? Вакви приказни има многу денес, но не сите мајки кои дојат се чувствителни и поврзани со бебето. Бебето не знае колку пари сте потрошиле за креветчето или друга опрема, но ја чувствува вашата љубов. Довербата е прва и основна причина која ќе го натера бебето да го истражува овој свет. Времето брзо ќе помине и со секој чекор направете овој свет да биде убаво место за живот на вашето бебе.