Идеални кариери за секој хороскопски знак

Астрологот Кери Фокс за порталот Meri Klair открива каков сте работник, што ве мотивира и кои кариери најмногу ви одговараат.

Овен  Овените имаат способност да го наметнат својот авторитет и многу брзо да станат шефови. Доколку во некоја фирма не се шефови, туку работат за некој, нивното однесување нема да ви се допадне. Фокс вели дека овој знак има многу незавршени проекти. Идеални кариери: Се што е поврзано со натпреварување или физичка активност, на пример како туристички водич, личен тренер, професионален атлетичар или нешто што е поврзано со спортски организации. На овените им одговараат високи работни позиции, како што е директор или некоја друга управувачка функција. 

Бик Биковите се практични, а тоа ги прави да бидат совршени на работното место. Идеални кариери: Како знак кој најмногу се труди, ќе му одговара работа која ја наградува упорноста и посветеноста. За биковите најдобра работа е работата во цвеќара, прехранбена индустирја, работа во луксузна продавница. 

Близнаци Близнаците сакаат работна средина во која има интеркација со поголем број на луѓе. Идеални кариери: Работа која ќе им овозможи да бидат во тек со голем број на теми, како што се образованието и комункациите. Истотака, може да бидат одлични за односи со јавноста или ментори на некој проект. 

Рак На раковите им одговараат работи во кој ќе може некого да советуваат, да решаваат проблеми и да помагаат на другите. Идеални кариери: Им одговараат работа со деца, социјален работник, адвокат, професор. 

Лав Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието за да ги инспирираат и другите. Идеалани кариери: работа во политика, шоу бизнис, актери, музичари, креатори. 

Девица Овој знак е познат по перфекционизмот и помагањето на другите. Идеални кариери: Адинистративна работа, психтерапевти.  Истотака, може да бидат и детективи. 

Вага Вагите се многу друштвени и сакаат да се запознаваат со нови луѓе. Идеални кариери: Асистент, преведувач, продавач и слично. Но, најдобри може да бидат како адвокат или судија. 

Шкорпија Шкорпијата знае најдобро да чува тајни. Затоа за нив е потребна работа која бара потполна дискреција. Идеални кариери: хирург или лекар. А може одлично да се снајдат и како финансиски директор. 

Стрелец Одлични се за тимска работа бидејќи може да ги мотивираат и другите. Идеални кариери: Професор, лидер за млади или работа во невладина организација. 

Јарец Сериозноста и одговорноста се главни карактеристики на јарецот. Идеални кариери: Добро ќе се снајде во администрацијата, инжињерство, архитектура и дизајн. 

Водолија Од една страна се друштвени, од друга самостојни. Тоа ги прави да бидат добри и како тим и како самостоен работник. Идеални професии: Се што е поврзано со наука и технологија, графички дизајн, управување со проекти. 

Риби Флексибилни се на работното место. Не сакаат да се докажуваат пред другите, туку да ја завршат работата. Иделни кариери: Се што е поврзано со здравство, психотерапија,физотерапија и сл. Истотака, може да бидат добри и на музичко поле.