ИЗМАМЕНИТЕ Bernays Propaganda: Скандал во Министерството за култура на Македонија

Македонската филхрамонија во понеделникот доби преку четири илјади евра од Министерството за култура на Македонија за концерт на групата Bernays Propaganda со истата таа Македонска филхармонија за концерт кој е наводно планиран за 27 aприл. Тоа би биле одлични вести групата Bernays Propaganda да знаеше било што за тоа. Значи, постојат сомненија дека се работи за измама и проневера на средства на начин, дека засега уште непознати сторители се „офајдиле“ од името и угледот на македонскиот состав со меѓународен углед. Имено, за да се аплицира воопшто за натпреварот боло потребно да се добие писмена согласност од страна на членовите на групата Bernays Propaganda.

Васко Атанасоски, гитарист на групата тврди дека никој не барал нешто такво од нив, па и дека повеќе од очигледно е дека Bernays Propaganda ги фатиле државните структури во криминал. Во овој момент уште не се огласиле одговорните а Атанасоски вели дека е во подготовка и тужба.

Атанасоски тврди дека во време на мандатот на Маја Чаначевиќ пролетта во 2017 година неколку пати ги повикувале како би се разгледала можноста за концерт на  Bernays Propaganda во декември истата година. Во меѓувреме Чаначевиќ е разрешена, на нејзино место дојде Виктор Илиески, и се падна во заборав.

„И потоа синоќа Министерството објави резултати и во чудо гледаме што се случува. Ја повикавме телефонски Филхармонијата, но и тие беа затекнати бидејќи не знаеле ништо за тоа, но подоцна рекоа дека тоа некој го испратил во наше име, но не знаат кој“, изјавил Васко Атанасоски за „Рамно до дно сајтот“ и продолжил: „Сега ги бараме да ни ја испратат апликацијата и целата документација, но нема ништо“.

Македонија е секако на прагот на скандал внатре во своите културни институции.

Ова ќе биде темата на Вечерашното издание на Отворено на тв 24.