,

ИМА 53 ГОДИНИ, ПРЕСТАНАЛА ДА СТАРЕЕ НА 30: Благодарение на оваа намирница!

Кога ја видат, луѓето прво помислат дека Памела Џејкобс (Обединетото Кралство, 53 години, потекло од јужна Азија) има околу 30 години. Меѓутоа, со своите 53 години, Памела изгледа скоро па совршено. Нејзиниот беспрекорен тен и згодно тело делуваат како генетика, така и негата во која многу вложува. Вели дека здраво се храни, многу вежба, а како една од главните работи заслужни за нејзиниот изглед го наведува - кокосовото масло. Го нанесува 2 пати дневно на цело тело како навлажнувач, со него ја трга шминката, а еднаш неделно го четка телото на суво и се капе во детокс капка со хималајска сол. Кокосово масло го користи од мали нозе во исхраната (готви на него и го става во кафе) и за нега на кожа и коса. Еднаш неделно нанесува голема количина масло на лицето пред спиење и спие со таа маска. Утрото кожата, вели дека и е препородена. Таа вели дека најголем проблем и е тоа што луѓето мислат дека му е девојка на нејзиниот син кој има 21 година. Во исхраната се води од правилото 80/20 , кое подразбира 80 посто од нејзината исхрана да биде здрава органска храна, а 20 посто таа не е баш толку здрава, како што е пудингот, алкохолот и чоколадото, но црно органско.         Избегнува леб, шеќер, паста, и премногу овошје, а обожава зелено листан зеленчук, вода со лимон, протеински намирници, кукркума, ѓумбир .. Редовно вежба и оди во сауна по што се тушира со студена вода. Со кокосовото масло, сепак главен совет за убавина кој таа го дава е: Жената треба да има самодоверба и голема насмевка на лицето!   Зошто кокосовото масло е толку добро?   Во последните години кокосовото масло благодарение на единствената комбинација на масни киселини стекнало статус на суперхрана. Маслото од кокос содржи здрави заситени масти кои брзо им обезбедуваат на мозокот и телото енергија и го поттикнуваат догорувањето на мастите во организмот. Станува збор за масни киселини кои директно се преработуваат во црниот дроб, каде веднаш се претвораат во енергија. Интересно е дека кај жителите на некои од островите во Јужниот Пацифик кокосот и производите од кокос сочинуваат и до 60 проценти од дневниот калориски внес, како и дека овие жители се со одлично здравје и дека имаат ниска стапка на срцеви болести. Позитивни ефекти на кокосовото масло врз здравјето им се припишуваат на средноланчаните масни киселини како што се каприлната, капринската и лауринската киселина, кои нашето тело полесно ги вари и не ги претвора лесно во масни наслаги. Во едно истражување е потврдено дека луѓето кои јадат повеќе средноланчани масни киселини внесуваат помалку калории во текот на денот, како и дека во таа прилика се зголемува дневната потрошувачка на калории и за 5 проценти. Заради ова кокосовото масло би можело да им помогне на личностите кои сакаат да ослабат.
Благодарение на споменатите масти кокосовото масло, исто така, поседува и силно фунгицидно, антибактериско и антивирусно дејство. Кога станува збор за кардиоваскуларното здравје некои постари истражувања покажале дека лауринската киселина во кокосовото масло го зголемува нивото на „добар“ ХДЛ холестерол, кој го отстранува вишокот на холестерол во крвта и го држи нивото на „лошиот“ ЛДЛ холестерол под контрола.