Индијката Чилар е Мис на светот за 2017

  Мануши Чилар од Индија, денес е избрана за Мис на светот за 2017 година. Во финалето на изборот за Мис на светот, кој беше одржан во Кина, круната ја понесе 20-годишната студентка по медицина од индиската држава Харајана. Таа е шеста Индијка која ја понесе титулата најубава девојка, а круната ќе ја врати во Индија по 17 години.