ИНТЕРВЈУ ВЛАДИМИР ЧЕТКАР: Третина од годината живеам секаде низ светот

Охрид е неговиот роден град, а дел од годината во поминува во Њујорк, кој е неговиот музички дом. Владимир Четкар, познатиот македонски џез гитарист и автор во моментов е во Тајланд, каде што одржа два концерти на тамошниот „Тајланд смајл џез фестивал“. Школувањето го заврши на музичкиот колеџ Беркли, искуството го собираше на настапи насекаде низ светот, а секогаш му се враќа на својот Охрид, затоа што таму воздухот најмногу му годи. Наклонета му е музичката критика, која го опишува како еден од најталентираните во областа на џезот соулот и фанкот. Со Четкар од Тајланд разговаравме за патувањата низ светот, љубовта, музиката и желбите а следната година. Женски Магазин - Како помина твојот настап на Thailand Smile Jazz Festival во Тајланд? Четкар - Thailand Smile Jazz Festival е еден од најголемите музички фестивали во Тајланд а се одржува на островот Самуи. На фестивалот се претставив со два концерта а со мојот втор концерт фестивалот официјално се затвори. Се претставив стандардно со моја авторска програма а ја имав честа да бидам придружуван од едни од најдобрите тајландски џез музичари, џез фјужн составот Фанкшн (Funktion) кој минатата година ја доби наградата за најдобар џез состав во Тајланд и саксофонистот Ко Мистер Саксмен (Koh Mr. Saxmаn) кој е еден од најпопуларните саксофонисти и композитори во Југоисточна Азија. Атмосферата, како и конекцијата со публиката беше феноменална. [caption id="attachment_8998" align="aligncenter" width="660"] Со оглед на тоа што оваа година ова ми е трета турнеја по ред во Тајланд, досега имав прилика да настапам а со тоа и посетам многу различни дестинации во оваа прекрасна земја[/caption] Женски Магазин - Што посети од оваа егзотична земја на сите гостувања до сега, што ти остави најголема впечаток? Четкар - Со оглед на тоа што оваа година ова ми е трета турнеја по ред во Тајланд, досега имав прилика да настапам а со тоа и посетам многу различни дестинации во оваа прекрасна земја. Autaya е старата престолнина на Тајланд која ми остави силен впечаток со својата историја и храмови. Волшебната пештера Phraya Nakhon со својот кралски павилјон е како сцена од бајките. Kaeng Krachan е најголемиот национален парк во Тајланд и едно од најдобрите места во светот каде можат да се видат диви слонови, егзотични рептили и една од најраскошните флори и фауни на планетата. Авантурите кој ги доживеав таму навистина ќе ги паметам цел живот. Бангкок од друга страна е метропола која е урбана џунгла со можеби најдинамичниот ноќен живот во светот. Женски Магазин - Во кои се земји до сега си свирел, кое е твоето највпечатливо патување и најубав концерт? Четкар - Сум имал концерти во САД (во скоро сите поголеми градови), Канада, Англија, Италија, Унгарија, Јужна Кореа, Индија, Кина, Хонгконг, Индонезија, Камбоџа, Тајланд, Малезија, Србија, Мексико, Гватемала и други земји во централна Америка. Сите патувања се посебни и си имаат свој шмек а како патувањата така и концертите. Сум настапувал пред десетици илјади странска публика на некој од најголемите фестивали во светот како Зигет во Унгарија, или Јарасум во Јужна Кореа но и пред стотина луѓе во легендарните љ=њујоршки џез и блуз клубови како „Блу Ноут“, „Би Би Кинг Блуз Клаб“, и секогаш кога сум се поврзал со публиката емоционално сум уживал исто без разлика пред колку луѓе или каде сум настапувал. [caption id="attachment_8992" align="aligncenter" width="640"] Можеби најточно би било ако се каже дека третина од годината живеам во Њујорк, третина во Охрид и третина насекаде низ светот. - Четкар во Џакарта[/caption] Женски Магазин - Кои ти се плановите за следната година? Четкар - Турнеја во САД и нова турнеја во Азија. Исто така во 2018 планирам да го издадам мојот трет студиски албум. [caption id="attachment_8995" align="aligncenter" width="640"] Сум имал концерти во САД, Канада, Англија, Италија, Унгарија, Јужна Кореа, Индија, Кина, Хонгконг, Индонезија, Камбоџа, Тајланд, Малезија, Србија, Мексико, Гватемала и други земји во централна Америка. - Четкар[/caption] Женски Магазин - Каде официјално живееш, Њујорк, Охрид, и зошто за тебе Охрид е најубав на светот? Четкар - Можеби најточно би било ако се каже дека третина од годината живеам во Њујорк, третина во Охрид и третина насекаде низ светот. По природа сум космополит и насекаде се чувствувам убаво меѓутоа во Охрид ми е гравитацијата најсилна, воздухот најубав и аурата на градот најволшебна. Сепак Господ таму ми дал душа. Женски Магазин - Велосипедизмот е твое хоби. Која ти е најдолга велосипедска тура? Четкар - Можеби турата низ Пелопонез, Грција ми беше најголем предизвик кога мораше да возам и по 100 километри дневно со полна опрема и низ планини. Женски Магазин - Јавноста малку знае за твојот љубовен живот. Имаш ли партнерка ќе ни откриеш ли повеќе за неа? Четкар - Да, имам партнерка, меѓутоа сепак тоа е нешто кое сакам да остане моја приватност. [caption id="attachment_8999" align="aligncenter" width="660"] Имам партнерка меѓутоа сепак тоа е нешто кое сакам да остане моја приватност. - Четкар[/caption] Женски Магазин - Генерално, какви жени сакаш, и со каква жена сакаш да го поминеш животот? Четкар - Сакам авантуристки со софистициран вкус за уметност. Женски Магазин - Имаш ли некоја интересна анегдота од настап да споделиш со нас? Четкар - Кога бев во Индија на Mumbai Mood Indigo Festival, ме претставија како втор Македонец кој дошол да ја освои Индија по Александар. „Но, овој пат тој освојува со љубов и со музика, а не со војна“, на тој начин ме најавија во Индија, хахаха. За Женски Магазин, Милица Џаровска