Интервју Елена Стефановска: Барам традиционален маж

ИНТЕРВЈУ СО ТВ ВОДИТЕЛКАТА ЕЛЕНА СТЕФАНОВСКА Жените се разликуваат најмногу од мажите според начинот на размислување. Битно е да изгледаат уредно, визуелниот изглед помага, но магијата е во главата на жената. Позната е како Елена - живот со стил, поради емисијата која стана нејзин заштитен знак. Атрактивната водителка Елена Стефановска следниот месец ќе се испроба во нов Тв проект, вечерно шоу на „Тв 24“, за кое вели дека повторно ќе зборува за животниот стил, со интересни гости. Елена е една од оние наши јавни личности кои секогаш предизвикува внимание на социјалните мрежи со провокативни фотографии. Една од нив е неодамнешната на плажа во Малибу, во црвен костум за капење ала Памела Андерсон во серијата „Чуварите на плажата“. Во интервјуто за „Женски магазин“, Елена зборува за работата, љубовта, женскиот сексапил и за тоа каков маж може да и го освои срцето. Женски Магазин: Наместо „Живот со стил“ по која стана позната, почнуваш со нов Тв проект, вечерно шоу. Кога ќе стартува, и на која телевизија? Елена: Станува збор за Late Night Talk Show кое треба да стартува во средината на ноември, и ќе се емитува на „ТВ 24“, која впрочем беше моја матична телевизија и за „Живот со стил“. Знаете како велат, тимот кој победува не се менува и затоа останувам на ТВ 24. Женски Магазин: Каков е концептот на шоуто, што ќе им понудиш на гледачите, и зошто престануваш со „Живот со стил“? [caption id="attachment_3409" align="aligncenter" width="620"] Убава жена е релативен концепт. Сите ние сме убави, грди, срамежливи, дрски, обични и спектакуларни. Зависи од денот.[/caption] Елена: Прво, не престанувам со „Живот со стил“, тоа дефинитивно ќе остане мојот најдраг проект во ТВ кариерата од кој никогаш не би можела да се откажам, ниту пак да престанам. Мене луѓето ме запознаваат како Елена - Живот со стил и во рамките на новото шоу јас и понатаму ќе бидам истата Елена којашто ќе зборува за животот со стил, но во ново руво. Јас лично сметам дека е време за нови професионални предизвици во областа во којашто одлично „пливам“ со години. Концептот на шоуто е по пример на светските ток шоуа кои ги гледаме и кои доминираат со големите Тв куќи, а ние решивме таков квалитет и шоу да и овозможиме на македонската публика, а на гледачите им понудиме Тв шоу од светски калибар со многу гости, изненадувања и теми со кои ќе се трудиме да ја подигнеме свеста на граѓаните, а притоа го опфаќаат секојдневниот стил на живеење. [caption id="attachment_3410" align="aligncenter" width="356"] Фотографијата настана сосема случајно. Ја паметам серијата, ама ликот на Памела и нејзиниот живот никогаш не ме инспирирале. - Елена на плажа во Малибу[/caption] Женски Магазин: На твоето патување во Америка објави фотографија од плажата во Малибу, сликана во сличен црвен костум за капење како Памела Андерсон од серијата „Чуварите на плажата“. Зошто токму слика во нејзин стил, дали Памела и таа серија ти се инспирација? Елена: Па, фотографијата настана сосема случајно. Ја паметам серијата, ама ликот на Памела и нејзиниот живот никогаш не ме инспирирале. Ако вие велите дека има сличност, таа е случајна. Женски Магазин: На социјалните мрежи беа објавени твои слики со бизнисменот Душко Чифлиганец, а ги пренесоа и некои портали. Никаде не прочитав твоја изјава по тоа прашање. Дали сте во врска или тие излегувања беа пријателски? [caption id="attachment_3404" align="aligncenter" width="619"] На „Али Експрес“ досега осамнаа многу фотографии од јавни личности, од Шарлиз Терон во светот, до Јелена Карлеуша на Балканот, вклучувајќи ме и мене. Никогаш не сум размислувала за тужба и сметам дека нема потреба[/caption] Елена: Немам навика да демантирам невистини. Душко е мој драг пријател. Женски Магазин: Има ли маж со кого со во врска, а ако нема, каков би требало да биде тој што ќе ти го освои срцето? Елена: Не е тоа супермаркет за да набројам производи кои ми требаат. Ама, ако треба да издвојам некоја особина тоа треба да биде човек со традиционални вредности. Женски Магазин: Велиш дека насловот на твојата емисија ти стана прекар, Елена-Живот со стил. Кој е твојот стил на заведување? Елена: Видете, жените се разликуваат најмногу од мажите според начинот на размислување. Битно е да изгледаат уредно, визуелниот изглед помага, но магијата е во главата на жената. Женски Магазин:  Кој дел од тебе го сметаш за најсекси? Елена: Мозокот. Женски Магазин:  Кинеската продажна мрежа „Али експрес“ објави твоја слика со очила од брендот Том Форд како реклама за продажба на очила. Очилата што ги нуделе очигледно не се од истиот бренд, на што реагираше на твојот Инстаграм профил. Дали реагираше и до „Али Акспрес“, размислуваше ли за тужба? Елена: На „Али Експрес“ досега осамнаа многу фотографии од јавни личности, од Шарлиз Терон во светот, до Јелена Карлеуша на Балканот, вклучувајќи ме и мене. Не реагирав до нив, единствено реагирав на моите профили на социјалните мрежи. На крајот од денот луѓето знаат да разликуваат оригинали од евтини копии и мислам дека тоа е доволно кога станува збор за реакциите. Никогаш не сум размислувала за тужба и сметам дека нема потреба. Ако веќе рекламираат очила од „Том Форд“, сметам дека „Том Форд“ треба да ги тужи „Али Експрес“, а не јас. Женски Магазин: Според нови истражувања на Универзитетот во Колорадо, убавите жени потешко успеваат. Работодавачите, на убавата жена може да и се восхитуваат, но нема да ја сфатат сериозно. Како ти го коментираш ова, и дали си се соочила со слична ситуација? Елена: Не се согласувам. Дали Џеки Кенеди, Грејс Кели или принцезата Дијана не ја сфаќале сериозно?! Прво, убава жена е релативен концепт. Сите ние сме убави, грди, срамежливи, дрски, обични и спектакуларни. Зависи од денот. На жената кога и е денот, нема работодавец што не би ја сфатил сериозно. Женски Магазин: Дали си размислувала да ја смениш професијата, и ако не би била автор на ТВ емисии и водител, што би работела? Елена: Отсекогаш сум била креативен тип на човек. Мојата кариера постојано е поврзана со радио, ТВ емисии, мода, стил, па никогаш не сум размислувала да ја променам професијата. Меѓутоа, ако не би ме гледале во улога на автор и водител, дефинитивно би била во уредувачка политика на некој медиум каде би го пренесувала своето знаење и би создавала одлични проекти. [caption id="attachment_3406" align="aligncenter" width="586"] Горда тетка сум на две прекрасни девојчиња: Лара и Дора. Би сакала да се реализирам во улога на мајка, и си посакувам најмалку две деца. - Елена со внуките[/caption] Женски Магазин:  Често патуваш во Хрватска кај својата сестра и внуките. Дали тие ти будат мајчински чувства? Елена: Морам да се пофалам дека сум горда тетка на две прекрасни девојчиња Лара и Дора. Тие моментално се мојот свет. Би сакала да ја искусам и другата страна од животот, секако дека би сакала да се реализирам во улога на мајка која сметам дека е најважната улога на секоја жена. Ако веќе ме прашувате си посакувам најмалку две деца, бидејќи се вистинско богатство. За Женски Магазин, Милица Џаровска