Интервју Марија Ковачи, менаџер за човечки ресурси: Вработените се најважниот ресурс во една компанија

Колку е важен секторот човечки ресурси во една етаблирана македонска компанија? Токму на ова прашање ќе ни одговори Марија Ковачи, која е менаџер за човечки ресурси во Сара Фешн. Секојдневно таа со својот тим има за задача да насочат, едуцираат и обучат двеста вработени во шеесетина продажни места во Македонија и Србија. Таа ќе ни открие кој е клучот за успехот на компанијата поточно како да се привлече и задржи квалитетен кадар, какви обуки им се потребни, тимската работа и општествената одговорност. Која е улогата на секторот за Човечки Ресурси во компанија како што е Сара Фешн? Марија КовачиТимот за управувањето на човечките ресурси во Сара Фешн е одговорен за процесот на регрутирање на вработени, кадровски процедури, создавање на бенефиции и компензаторски програми како и креирање на програма за развој и обуки на вработени. Во една бизнис организација како нашата компанија, нашиот тим влијае во развивање на конкурентна предност со градење на уникатен пакет на услуги и производи за своите клиенти. Овој сектор има и советодавна функција за поддршка на нашите лидери во процесот на менаџирање со своите вработени, која исто така е од голема важност. Вие поседувате сопствен тренинг центар, какви обуки треба да проследат вработените во компанијата? Марија КовачиВработените се најважниот ресурс во една организација и треба да ја добијат обуката која е неопходна за нив и нивната работа. Ние поседуваме сопствен тренинг центар во кои се реализираат годишните програми на обуки, изведени од обучувач во нашиот сектор. Пред да се направи програма за обука и развој неопходно е правилно да се идентификуваат потребите. Во нашата организација проценката ја правиме заедно со менаџерите и раководителите. Во предвид се земаат потребите кои излегуваат од самата функција на работното место, услугите и производите кои ги нуди компанијата но и индивидуалните потреби за личните вештини и квалификации на вработените. Колку е важно менаџерите да посетуваат обуки? Марија Ковачи: Најчесто се практикуваат обуките за продажни и меки вештини на продажниот персонал и на раководителите на продажните места, иако тоа не е се. Лидерите на таа работна позиција доаѓаат со одредени стручни подготовки и изградено искуство на поминати обуки. Тоа не значи дека тука завршува нивниот процес на надградување, но сепак тоа се обуки со специјализирани програми за да ги задоволат менаџерските потреби. Добрите лидери се често примери, модели на идентификација за своите вработени. Од тука, примарно секоја промена почнува и завршува со нив. Вие подготвивте Happy hour во декември месец но ја подготвувате и бенефицираната програма за вработените. Што тоа значи? Марија Ковачи: Happy hour како што кажавте се одржува секој понеделник, како дел од декемвриската програма која вклучува лотарија, изненадувања, услуги и производи од соработници како што се B-Watch, Cineplexx, LushAsteraAnabellaIvana Make up. Програмата за бенефиции и компензаторски услуги е предвидена за следната година и се однесува на сите наши вработени. Оваа програма иницира чувство на задоволство кај вработените поради можноста од исполнување на одредени привилегии кои би ги имале со тоа што се дел од една организација како нас. Вработените дел од услугите ќе користат и од горенаведените соработници кои не поддржуваат во оваа програма но и во други активности предвидени за следната година. Освен што се грижите за вашите вработени, вие сте и општествено одговорни како компанија. Марија КовачиСпоред мене, секоја организација може да придонесе со мало учество во подигнување на свеста да се помогне на оние на кој најмногу им треба помош. Ние и до сега сме учествувале но тоа било дискретно и неформално. За поздрав е хуманоста на нашите вработени кои минатата недела во придружба со Дедо Мраз донираа по повод предновогодишните празници во Детска клиника Скопје. Следната година се предвидени соработки со хуманитарни организации и поголемо учество во акции. Целта е да ја подигнеме свеста и на другите организации дека секој од нас е општествено одговорен пред луѓето кои се наоѓаат во загрозени категории. Како и да е, ова го гледам како морален предизвик на кој нашата организација треба соодветно да одговори, а поддршката секако ја имам и сум благодарна на тоа.