ИНТЕРВЈУ МИЛЕНА АНТОВСКА СТАНКОВСКА: Лана Марија е копија на сопругот

Ќерка ми не е спанка. Пргава е, ама лесно можеш да ја анимираш. Сега е во фаза кога сè ја интересира. За разлика од многу мажи што ги познавам, Гордан навистина одлично ја игра улогата на татко. Многу ми помага и сме одличен тандем, раскажува популарната ТВ-водителка Во мај се заколна на вечна љубов, а во август на големиот празник Успение на Пресвета Богородица стана мајка. Милена Антовска Станковска, водителката која со години е заштитно лице на „Канал 5“ ужива во новата животна улога, а во продолжение открива интересни детали за нејзината ќерка. [caption id="attachment_9808" align="aligncenter" width="666"] Првата фотографија со стомаче која ѝ е особено драга[/caption] Женски Магазин *Дали по породувањето забележавте некоја значителна промена во Вашето однесување? Милена- Секојдневно се изненадувам себе си и правам работи коишто сум мислела дека никогаш нема да ги правам. Станав уште поемотивна, многу мои животни навики се сменија, начинот на живот и темпото. Кога станувате мајка веќе сè друго е во втор план, барем кај мене е така. Сега сè се врти околу Лана Марија. Да јаде, да спие, да биде чиста, испеглана. За мене и сопругот ако има време добро, ако не никому ништо (се смее). Женски Магазин * Дали сте од оние мајки кои се преокупирани со наменска литература или повеќе инстинктивно одговарате на секојдневните предизвици? Милена- Не можам да кажам дека не пребарував на интернет за многу работи поврзани со бебињата, но искрено многу повеќе се водам според сопствениот инстинкт. Мислам дека нема бебе според книга, секое си е посебно и нема две дечиња кои исто се однесуваат или исто реагираат на одредена ситуација. Секако ако има проблем или ако имам некоја дилема се консултирам со педијатар. Женски Магазин* Што најмногу Ве исцрпува во оваа фаза, а кои се привилегиите? Милена- Првите два месеци најмногу ме исцрпуваше неспиењето, но веќе се навикнав. Самиот факт дека сум мајка е привилегија, тоа е најубавото нешто што можеше да ми се случи. [caption id="attachment_9809" align="aligncenter" width="640"] Од венчавката во мај годинава: Милена со сопругот Гордан[/caption] Женски Магазин* Какво бебе е Лана Марија? Милена- Како што сите мајки велат за своите деца така и јас ќе кажам дека Лана Марија за мене е најслаткото, најубавото и најмило бебенце. Не е спанка. Преку ден речиси и да не спие, пргава е, ама лесно можеш да ја анимираш. Сега е во фаза кога сè ја интересира и разгледува наоколу. Женски Магазин* На кого личи? Што велат родителите и најблиските пријатели? Милена- На сопругот Гордан. Женски Магазин* Како тој се снаоѓа во новата улога? Милена- Подобро од што очекував. За разлика од многу мажи што ги познавам, навистина одлично ја игра улогата на татко. Многу ми помага и сме одличен тандем. Женски Магазин* Вашата ќерка има интересно име, една од ретките работи што нè следи цел живот. Која е приказната? Милена- За името Лана се одлучивме кога го дознавме полот. Марија го додадовме бидејќи се роди на еден од најубавите празници Голема Богородица и самиот празник си го донесе нејзиното второ име. [caption id="attachment_9810" align="aligncenter" width="627"] Со нетрпение очекува да се врати пред камерите[/caption] Женски Магазин* Како ја одржувате линијата? Имате ли по породувањето некој посебен режим на исхрана? Милена- Се обидувам да внимавам колку што можам, но не е лесно со оглед на тоа дека постојано сум дома и често ми се јаде (се смее). Последниов месец се трудам да не јадам доцна навечер. Сега барам е лесно, треба само желба. За неколку месеци ќе почнам и со физичка активност, а некои третмани веќе се во тек. Женски Магазин* Кога планирате комплетно да им се вратите на професионалните обврски? Милена- Породилното ми завршува во мај. Уште малку и се враќам во етер. Женски Магазин* Како ќе ги прославите претстојните празници? Милена-Сè уште немаме план. Најверојатно во домашна атмосфера. Сепак, Лана Марија е мала за да ја оставиме цела вечер без мама и тато. За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов