ИНТЕРВЈУ СО АЛАЧКИ: Син ми Благоја ќе ме наследи во кујната

Во Токио се одржуваше македонска вечер. Кога влегов во кујната на хотелот, шефот, искусен јапонски готвач, ми побара македонски традиционален готвач, по кој би требале да готват. Менито го креирав за таа вечер, но немав книга која упорно ја барав пред да отпатувам за Јапонија. Си ветив пред себе дека кога ќе се вратам, јас ќе напишам таков готвач По професија е стоматолог, ја запознавме како пејачка на фолк-музика, а изминативе седум години таа е Адријана Алачки од „Вкусот на традицијата“. Готвењето вели, од секогаш било нејзина пасија. Во проектот на Тв „Алфа“ со кој сними 800 емисии, зготви стотици македонски традиционални рецепти, а нејзин заштитен знак стана она: мхмхмх, откако ќе го проба зготвеното јадење. Алачки е горда мајка на Грациела и на Благоја и баба на две иполгодишната Јана. Претседател е на националната асоцијација на готвачи на Македонија „Гастромак“, автор на книгата „Македонски традиционален готвач“, за кој вели дека и е во план да издаде и второ издание. Уште од ја планира организацијата на третиот интернационален гастрономски натпревар „Македонија 2018“ и најавува организирање на мастер класови од познати светски готвачи како едукативна настава за македонските готвачи. [caption id="attachment_4377" align="aligncenter" width="542"] За мене е најубавиот момент кога Јана ќе дојде кај баба и вујче на гости. - Адријана со внуката, ќерката Грациела и синот Благоја[/caption] Женски магазин - Минатата недела во Струмица заврши вториот интернационален гастрономски натпревар, во организација на националната организација на готвачи „Гастромак“, чиј претседател сте вие. Како помина настанот? Адријана - Вториот интернационален гастрономски натпревар Македонија 2017 се оддржа во Струмица, во хотел „Вила Парк“. Зедоа учество околу 35 држави од целиот свет, и повеќе од 300 натпреварувачи. „Гастромак“ е единствена асоцијација на готвачи под капата на WACS светската федерација. Натпреварот го поддржаа 50 интернационални судии на WACS меѓу кои и Доменико Маги, директор за Јујгоисточна Европа, Мирослав Кубец, континентален директор за Европа, Александар Прокоповиќ, Николај Баратов-Русија, Јалцин Манав претседател на Турската федерација на готвачи, Тахир Амирасланов, претседател на Азербејџан федерација на готвачи, судии од Кипар, Израел, Монголија, Италија, Грузија. Беше и Гиоргио Диана, кој има три мишелин ѕвезди, а во текот на натпреварот му пристина веста дека е избран во десетте најдобри готвачи во светот. Потоа Мартин Чиферс, светски експерт за десерти и други. WACS го процени за најекслузивен и најголем натпревар од било кога одржан на Балканот. Помина во најдобар ред, по сите правила и пропозиции. Благодарение на хотелот, со својот висок професионализам и угостителски потенцијал ги угости сите судии и натпреварувачи од целиот свет. Во комплетната организација се придружи и општина Струмица, градоначалникот Коста Јанев и незаменливите Петар Божинов и Борче Стамов. Гранд при наградата ја додели премиерот Зоран Заев, кој со своето присуство ја даде поддршката на сите готвачи во Македонија, а и во светот. Странските новинари изјавија: ова е за прв пат на Балканот премиер да присуствува и да ги освои срцата на готвачите, затоа што се започнува од храната и се завршува кај неа. На церемонијата за доделување на наградите беа присутни и многу амбасадори и претставници на дипломатскиот кор. Благодарам на целиот тим на Гастромак, Њу АлбиисБесим Латифи и Љупчо Гиевски и сите членови кои работеа неуморно на реализација на настанот. Женски магазин - Од кога е основан Гастромак, и набројте ми ги најзначајните патувања, натпревари и награди на вашите готвачи. Адријана - Гастромак е национална асоцијација на готвачи на Македонија основана во јануари 2016 година. Основачкиот тим без кој Гастромак не би постоел се: Њу АлбисБесим ЛатифиЉупцо Гиевски и Роса Дора. Во Март 2016 стана член на WACS, за прв пат во историјата на гастрономијата на Македонија. Зеде учество на интернационалните натпревари во Истанбул 2016 и 2017, Измир, Хрватска, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина. Готвачите беа добитници на многу златни, сребрени и бронзени медали а исто така и Гран при награди. Најинтересни се патувањата на Гастромак во Обединетите Арапски Емирати лани во април, на покана од нашиот амбасадор Сашо Ташевски, каде што бевме гости на шеикот на Шарја. Во тие 15 дена се промовираше Македонија со нејзината култура и традиција на манифестацијата „Sharjah Heritage Days“. Арапите беа восхитени од презентацијата за Македонија, кујната, нашето тавче гравче, ајвар, пита, штрудла со јаболка, татлии, фолклорот, филиграните и обичаите на нашиот народ. [caption id="attachment_4375" align="aligncenter" width="651"] Најинтересни се патувањата Обединетите Арапски Емирати, каде што бевме гости на шеикот на Шарја. Во тие 15 дена се промовираше Македонија на манифестацијата „Sharjah Heritage Days“. - Адријана со шеикот[/caption] Женски магазин - Кога готвачите од вашата екипа се натпреваруваат во странство, со кои наши специјалитети најдобро се претставуваат? Адријана - Секој натпревар има свои правила, пропозиции и програма. Гастромак строго се придржува на правилата и категориите на натпреварот. Нашите шефови имаат долготрајни подготовки, и многу често се придржуваат на идејата да ги користат македонските производи, македонски специјалитети, но во модерен дизајн. Токму и на натпреварот во Струмица, светските судии го препорачуваа тој момент, примената на традиционалната кујна во натпреварот, но со модерен дизајн. Велат: „вие најдобро ја познавате вашата кујна и тоа треба да го негувате“. Нема никогаш да ја заборавам изјавата на Ведат Башаран, личен готвач на Бил Клинтон, кој беше гостин на Гастромак и изјави: Не можете да подготвувате школки и ракови како тие готвачи кои се родени на море или на океан. Тоа се учи во текот на работата како готвач и мора се да знаете, но кога ќе одите на натпревари покажете му на светот тоа што е ваше, лично, ваш идентитет, македонско но спакувано во модерен дизајн, задржувајќи го вкусот. Нашите готвачи се подготвени на сѐ, и интернационална кујна и секако македонска. Женски магазин - По професија сте стоматолог, а ве знаеме како пејачка и како готвач, автор и водител на емисија. Кога точно сфативте дека готвењето ќе биде ваша професија? Адријана - Долго време работев на сите континенти како презентер на македонската музика, фолклор и одржувам часови по готвење, правев комплетна промоција за Македонија. Готвењето отсекогаш беше моја пасија. Растев во семејство каде што готвењето и семејните ручеци беа секојдневен ритуал. Така што сето ова дојде како последица од една чиста љубов кон кујната, но не само како храна, туку се задржувам на таа наша пребогата традиција и историја поврзана со нашите специјалитети. [caption id="attachment_4380" align="aligncenter" width="651"] „Вкусот на традицијата“ постои полни 7 години. Снимени се околу 800 емисии како рецепти на денот а исто така и истражување на кујната на другите народи[/caption] Женски магазин - Кога е снимена првата емисија на „Вкусот на традицијата“, имавте ли трема што ќе готвите пред камера и што зготвивте за прв пат? Адријана - „Вкусот на традицијата“ од самиот почеток е поврзана со „Алфа телевизија“, веќе полни 7 години. Снимени се околу 800 емисии како рецепти на денот, а исто така и истражување на кујната на другите народи и презентација на македонската кујна во Тајван, Австралија, Бразил, Америка, Турција, Словенија, Италија и Франција и Обединетите Арапски Емирати. Тремата беше присутна само како доза на одговорност, но благодарение на долгогодишното искуство пред камерите, мојот режисер Христијан Јорданов - Кизо немаше никаков проблем во текот на првата емисија која беше вовед во проектот, а се снимаше во комплексот „Етно село Тимчевски“. [caption id="attachment_4372" align="aligncenter" width="405"] Доаѓаат следните генерации кои стануваат подобри мајстори во кујната од мене, а тоа е мојот син Благоја, кој секојдневно ме збунува со преубавите вкусови што тој ги создава во кујната[/caption] Женски магазин - Има ли јадење кое не ви успеало како што сте замислиле и сте требале да го повторите снимањето? Адријана - Првите 200 емисии беа направени по рецептите од македонскиот традиционален готвач. Многу ретко се случуваше нешто да не се погоди, но „Вкусот на традицијата“ е емисија посветена на домашното готвење и е од народот за народот. Тоа верувам на сите им се случува, зависи од расположението, моменталното чувство и од други компоненти Готвењето за најмилите е љубов и ништо друго. Но, веќе работите се менуваат, доаѓаат следните генерации кои стануваат подобри мајстори во кујната од мене, а тоа е мојот син Благоја, кој секојдневно ме збунува со преубавите вкусови што тој ги создава во кујната.   Женски магазин - Како дојдовте на идеа да го напишете Македонски традиционален готвач, како започна собирањето на рецептите и како одеше процесот на создавањето? Адријана - Пресуден момент беше кога во Токио во хотелот „Хајат“ се одржуваше македонска вечер. Кога влегов во кујната на хотелот, шефот, искусен јапонски готвач, ми побара македонски традиционален готвач, по кој би требале да готват. Менито го креирав за таа вечер, но немав книга која упорно ја барав пред да отпатувам за Јапонија. Си ветив пред себе дека кога ќе се вратам, јас ќе напишам таков готвач. Истражувањето и пишувањето траеше три години до финалниот производ. Преведен е едновремено и на англиски јазик. Со помош на „Винсент графика“ се реализираше оваа луксузна книга, „Македонски традиционален готвач“. Дизајнот е на Пол Адамс, преводот на „Еуролингва“, а лектор е Милијана Ендековска. Женски магазин - Во колку странски земји се продава готвачот (или дали се продава онлајн) и какви се реакциите на странците за рецепт од една наша баница, чорба или зимница на пример? Адријана - Не се продава во странство. Единствено по пат на лична нарачка. Не се нарачува ниту онлајн. Само по патот на вредноста што ја поседува, да ја имате во рацете во кујната каде што готвите како во старите добри времиња. Единствено се продава во „Икона“, „Матица“, „Култура“ и „Табернакул“ и во Охрид во „Просвета“. Женски Магазин -Знаете ли пример за некој ваш пријател од странска земја, кој се обидел да зготви некое наше јадење? Како им одело и дали ви бараа совети за да им успее? Андријана - Да, секако. Многу симпатично. Тоа се купувачи на книгата при посета на Македонија и воедно уживатели на нашата традиционална кујна, а и мои ученици. Многу успешно ги готвеа специјалитетите. Но, исто така и младите од Македонија. Чувството кога со сите сили и љубов ќе успеете да ја вратите традиционалната кујна назад на трпезата, кога постоеше можност да се изгуби поради начинот на современиот живот. И тогаш, душата ви е полна што емисијата и готвачот имаат едукативен карактер. Женски магазин - Освен настапите, долго ве нема со нова песна или со нов албум. Зошто? Размислувате ли на враќање со авторска музика? Андријана- Да. Со крајна почит кон македонската музика, се оградувам од фестивалските настапи, кои по мене се поле за докажување на младите надежни имиња. Како последица на мојот престој во Емиратите се роди нова песна, која наскоро ќе ја промовираме, со сосема поинаква тема, македонско-арапска музика. Сакаме да докажеме дека преку музиката воспоставуваме пријателски односи со другите народи. Автор на музика Далибор Ѓосиќ, текстот е на др. Мохамд Касем Касаб, преводот и адаптацијата на текст го направи Огнен Неделковски. Јас ѝи дадов име на песната, „Љубов“. Наскоро ќе се снима спот во Емиратите, во Либан и во Македонија. [caption id="attachment_4376" align="aligncenter" width="405"] Мојот партнер е Јана Димовска, само со неа го поминувам моето малку но најквалитетно слободно време. - со внуката[/caption] Женски магазин - Јавноста малку знае за вашиот интимен живот. Имате ли партнер со кого го поминувате слободното време? Адријана - Да имам. Мојот партнер е Јана Димовска, само со неа го поминувам моето најквалитетно слободно време, кое го нема многу. Женски магазин - Синот Благоја и ќерката Грациела се вашата најголема гордост. Колку години имаат и со што се занимаваат? Адријана - Ќерка ми Грациела има 28 години и е магистер на економски науки, вработена во „ЦКБ банка“ а син ми Благоја има 22 години и штотуку го заврши Правниот факултет. Во моментот ја подготвува неговата дипломска работа. Тие се моите најважни животни Гран при награди. Се друго е минливо, само децата и внуците се трајни животни дела. По нив ќе го одбележите својот живот.   Женски магазин - Грациела ви ја подари внуката Јана, за која на социјалните мрежи велите дека ви е најголема љубов. Какво дете е Јана, како го поминувате времето заедно, и што е она највредното што го учи од својата баба? Адријана - Јана, сонцето бабино. Среќно дете на Грациела и на Игор Димовски. Тоа со зборови не се искажува. Прекрасни и грижливи родители, секоја чест. Ја гледам недоволно колку што сакам и колку што имам потреба. За мене е најубавиот момент кога Јана ќе дојде кај баба и вујче на гости. Целото внимание е кон неа, рефреш состојба. Женски магазин - Како ја одржувате линијата, и кое е лично вашето омилено јадење? Адријана - Колку и да внимавам, сепак не можам да одолеам на превкусните македонски јадења. Готвам, пробувам, уживам и истражувам. Се негувам во „Престиж бјути салон“ во Струмица. Најважно е со своите сопствени постапки да ги инспирираме другите. Да работат повеќе, да учат повеќе, да создаваат повеќе, да ги почитуваат човековите вредности. Тогаш сте успеале. А тој пат е доживотен. За Женски Магазин, Милица Џаровска