ИНТЕРВЈУ СО  ПОЗНАТАТА ИТАЛИЈАНСКА ГОТВАЧКА КАТЕРИНА ЧЕРАУДО: На жената местото ѝ е во кујна

 Ресторанот „Датило“ беше последната гранка во нашата работа, тој е бисер на круната на нашиот бизнис. Ние сме пред сѐ производители на вино и на маслиново масло, имаме и земјоделска фирма, а на имотот има и апартмани коишто ги издаваме. А последното нешто коешто дојде како шлаг е ресторанот. Готвам здрави јадења со наши, органски производи. [caption id="attachment_6679" align="aligncenter" width="640"] Катерина во кујната на скопскиот хотел, откако го подготви лиснатото тесто со кашкавал, сардина и ф’стаци[/caption] Има само 29 години и е најмладата жена готвач, добитник на мишелинска ѕвезда. Италијанката Катерина Чераудо, беше на гости во Скопје, како дел од „Деновите на италијанската кујна“ кои се одржуваат до 30 ноември во Дистрикт бар и ресторан. Катерина е признаена како најдобрата жена готвач за 2017 година од престижниот магазин Michelin Guide“, и се смета за една од најиновативните готвачи на светско ниво. Шармантната Чераудо готви во семејниот ресторан „Датило“, кој се наоѓа во природна оаза во областа Калабриа, на нејзината семејна фарма на којашто е израсната, а е особено горда. Со Катерина разговаравме завчера во хотелот „Мериот“, пред почетокот на Италијанската гала вечера, која ја организираше италијанскиот амбасадор во Македонија Карло Ромео, во рамките на светската недела на Италијанската кујна која до вчера се одржуваше во Скопје. За гостите на вечерата, Катерина зготви крцкаво лиснато тесто со кашкавал, сардина и ф’стаци како аперитив, пире компир со крем од артичоки и печурки како предјадење, и две главни јадења. Гостите прво уживаа во вкусот на домашните њоки со печени пиперки и спанаќ, па во рибата бас во сос, и десерт од бело чоколадо, бобинки и малини. За Женски Магазин, таа сподели дел од својата готвачка страст. [caption id="attachment_6684" align="aligncenter" width="640"] Гостите уживаа во вкусот на домашните њоки со печени пиперки и спанаќ[/caption] Женски Магазин - Кога точно решивте дека ќе се занимавате со готвење и од кога готвите професионално? Катерина - Од секогаш сум чувствувала страст за храната, страст за добриот вкус и за кујната. Тоа го наследив од моето семејство. Претходно работев како келнерка, но брзо сфатив дека моето место е во кујната. Професионално готвам од 2011 година. [caption id="attachment_6680" align="aligncenter" width="694"] Ресторанот „Датило“, кој е во сопственост на семејството Чераудо е сместен во Калабриа, на приватна фарма[/caption] Женски Магазин - Познато е дека вашиот татко Патрон Роберто е основач на семејната фирма, под која спаѓа и ресторанот „Датило“, во кој вие сте главен шеф последниве четири години. Раскажете ни ја приказната за ресторанот. Катерина - Имаме семеен ресторан во јужна Италија, во областа Калабриа, сместен во стара куќа-мелница направена во 16 век. Го отворивме во 2003 година, на семејниот имот. Ресторанот беше последната гранка во нашата работа, тој е бисер на круната на нашиот бизнис. Ние сме пред сѐ производители на вино и на маслиново масло, имаме и земјоделска фирма, а на имотот има и апартмани коишто ги издаваме. А последното нешто коешто дојде како шлаг е ресторанот. Готвам здрави јадења со наши, органски производи. Мојот брат работи на лозјето, сестра ми се грижи за маркетингот, а јас за ресторанот кој во 2012 година доби Мишелин ѕвезда. [caption id="attachment_6681" align="aligncenter" width="640"] Без оглед на тоа што во јавниот готвачки свет има се повеќе мажи, не чувствувам конкуренција. - Катерина пред почетокот на гала вечерата[/caption] Женски Магазин - Кој е највредниот совет кој сте го добиле од вашиот татко Роберто? Катерина - Она што го наследив од мојот татко и она што го научив е љубовта кон земјата и производите кои доаѓаат од неа, љубовта кон територијата и почитта. Женски Магазин - Што мислите, дали еден ваков семеен ресторан кој се наоѓа на приватна фарма подобро поминува кај потрошувачите отколку оние комерцијални ресторани кои се во центрите на поголемите градови? Катерина - Тоа се два сосема различни концепти. Мојот ресторан кој не е ни така мал е единствен во таа природна оаза. Речиси и да нема никакви сличности или допирни точки со ресторан кој што се наоѓа во центарот на еден град. Потрошувачите сами си бираат што е подобро. Женски Магазин - Кои се вашите најпознати специјалитети и кажете ми нешто повеќе за вашиот посебен начин на подготвување лесни десерти? Катерина - Јас еднакво ги сакам и слатките и солените работи. Но, мое мислење дека десертот во ресторан секогаш треба да биде лесен за јадење, поради тоа што со него завршува еден тек на повеќе јадења кои претходно ви биле послужени. Десертите коишто јас ги правам и ги предлагам во рестораните се многу поразлични од слаткарниците. Мојот пристап кон десерт е сличен како да подготвувам солен оброк, ете колку малку шеќер користам. [caption id="attachment_6682" align="aligncenter" width="640"] Пире компир со крем од артичоки и печурки како предјадење од вештите раце на Чераудо[/caption] Женски Магазин - Дали научивте нешто за македонската кујна, и кои сличности ги забележавте со италијанската? Катерина - Имав можност да ја пробам македонската кујна, и ме радува што се базира на квалитетен зеленчук. Има многу слични состојки кои можат да се најдат исто и во Италија. Главно, за и македонската кујна може да се рече дека е дел од медитеранската. [caption id="attachment_6683" align="aligncenter" width="640"] Моите десерти ги правам слично како и солените јадења, со многу малку шеќер. - мус од бело чоколадо со овошје подготвен од Катерина[/caption] Женски Магазин - На само 29 години, вие сте најмладата жена готвач во Италија која е добитник на мишелинска ѕвезда, во време кога готвењето станува се повеќе машка професија. Дали чувствувате конкуренција од вашите колеги готвачи? Катерина - Јас мислам дека на жената сепак и е местото во кујната. Ние жените ја создаваме храната. Ние ги храниме своите деца од раѓањето, а и понатаму во животот. Без оглед на тоа што во јавниот готвачки свет има се повеќе мажи, не чувствувам конкуренција. Можам да кажам дека светот на готвењето воопшто не едноставен, ова не е ни малку лесна професија, но ако се работи со страст, може да се успее. За Женски Магазин, Милица Џаровска