ИНТЕРВЈУ ЏОРЛЕВ ПРЕД СЛАВЕНИЧКИОТ КОНЦЕРТ ВО МОБ: Се изнаслушав сешто за мене, времето ќе ја покаже вистината

Офелија-мојот воздух, мојот столб, моето јас. Едноставна жена на која чесноста, скромноста, борбеноста, работливоста и се карактерна особина, моја водилка. Таа и децата се моето богатство и мојата смисла на животот. Секој јубилеј ни е значаен така да што овој, и следниот ќе биде ист како и досегашните, со желба да дочекаме што повеќе јубилеи и нормално како што течат годините да бидеме со проширен состав на семејството на трпезата. На 13 ти декември, светскиот ден на виолината, еден месец пред неговиот 50. роденден, маестро Зоран Џорлев го закажа својот славенички концерт, „40 години дружење со виолината“, кој ќе се одржи во МОБ од 20 часот. Концертниот музичар, професор по виолина и автор на Тв емисии за традиционална музика во себе гордо го носи споменот на својата мајка Грозда и таткото Наско кој е автор на една од најубавите македонски традиционални песни „Не кажувај либе добра ноќ“. За Џорлев, повредно од музиката е само семејството, тој е горд татко на синовите Наско и Мартин, а својата сопруга Офелија ја нарекува негов воздух и столб. Зоки на социјалните мрежи со радост објавува фотографии од семејните собиранки и летни одмори во Црна Гора каде што традиционално летува со поширокото семејство. Неговата сестра Софче со ќерката Оле и синот Оги ќе бидат дел од гостите на концертот. За прв пат јавно, Џорлев ќе засвири и со своите синови. [caption id="attachment_6915" align="aligncenter" width="640"] Лично ја поднесов мојата оставка и сакав од есен да се посветам потполно на педагошката работа, семејството и на виолината. - Зоран Џорлев[/caption] Женски магазин - Ако си вратиш еден кус филм во главата за сите овие 40 години со виолината, на кои нешта прво помислуваш? Џорлев - На сите убави и позитивни нешта кои ми ги исполнија овие 40 години дружење со виолината, на сѐ она што го оставив, се надевам, како позитивен пример за младите генерации. На чувството кога по неколкумесечно работење со виолината ја освоив првата награда, на заедничките моменти со многубројните оркестри со кои сум настапувал, на задоволните лица на публиката, на луѓето кои ги запознавав на патот поврзан со музиката, на возбудата и среќата кои ме преплавуваат секогаш кога ќе застанев на сцена. [caption id="attachment_6919" align="aligncenter" width="640"] Семејната традиција ми е најважна. - Џорлеви на матура кај постариот син, Наско[/caption] Женски магазин - Откриј ни малку повеќе детали за концертот на 13 декември во МОБ, за гостите, за програмата. Џорлев - Идејата за концерт со кој ќе ја одбележам долгогодишната дејност со виолината е стара петнаесетина година, мисла која во најголем дел е обликувана долго пред да ги преземам првите чекори околу реализацијата. Програмата ќе биде разновидна (класика, џез, евергрин, македонски фолк и поп обработки.) Како гости ќе настапат мои соработници Петар Јованов од Австралија и Ненад Путник од Словенија, а од Македонија мојата долгогодишна и школска другарка и соработничка Калиопи на која и свирам на сите нејзини евровизиски изданија и цедеа, Ќазим Асотиќ на фагот, Ѓоко Алоски на труба, а исто така и моето семејство, поточно мојата сестра Софче со нејзините деца Оле и Оги, и секако моите деца Наско и Мартин со кои за прв пат ќе настапам јавно на сцена. На сцената ќе ме придружуваат дел од моите колеги од оркестарот на МОБ со кои работев 15-тина години, мои бивши ученици и студенти. Со оркестарот ќе диригира Маестро Ле Фи Фи. Маестро Дамир Имери направи специјални аранжмани за големиот оркестар а исто така и ќе ме придружува на концертот. Меѓу аранжерските имиња се и Сашко Николовски и Бедрија Синаноски-Беџо. [caption id="attachment_6902" align="aligncenter" width="473"] На концертот ќе настапи и мојата сестра Софче со нејзините деца Оле и Оги, и секако моите деца Наско и Мартин со кои за прв пат ќе настапам јавно на сцена. - Џорлеви на семејна собиранка[/caption] Женски магазин - Кога си имал 5 години, професор во музичко училиште ти рекол дека не си за виолина туку за пијано. Дали тие зборови те демотивираат и кога точно се реши дека виолината ќе биде твојот инструмент? Џорлев - Баш напротив, едноставно знаев уште од најраното детство дека сум предодреден да свирам виолина. Тука чувствувам потреба да ја спомнам мојата драга професорка Љиљана Крстева, која беше со мене во моментите кога ми беше потребна поддршка и кај која го завршив основното и средното образование. Таа денес е пензионер, но редовно и со големо задоволство контактираме. [caption id="attachment_6908" align="aligncenter" width="640"] Татко ми ме научи да бидам чесен, да помагам и да не одмагам. - Зоран со покојниот татко Наско во седумдесетите во Струмица[/caption] Женски магазин - Концертен музичар, професор по виолина, директор на ТАНЕЦ, директор на МБУЦ, автор на ТВ емисии…, кој дел од твојата досегашна работа ти бил најдраг, нешто што од наведениве најмногу те исполнува? Џорлев - Педагошката работа и дружбата со виолината, музицирањето, најмногу ме исполнуваат и будат во мене пријатни чувства и позитивна енергија. [caption id="attachment_6914" align="aligncenter" width="654"] Внукот Оги го учам исто што и моите синови. - Џорлев со внукот Огнен, кој е поп-пејач и со постариот син Наско[/caption] Женски магазин - По директорскиот ангажман во МБУЦ и во Танец, какво е чувството да си повторно професор во средното музичко училиште во Скопје? Џорлев - За време на мојот ангажман како директор, јас не престанав со педагошката дејност туку намалив со интензитетот, така што сега работам со полн интензитет и се чувствувам како прероден. [caption id="attachment_6910" align="aligncenter" width="640"] Летово, Зоран и сопругата Офелија прославија 24 години брак[/caption] Женски магазин - Како лично ја прифаќаш оваа промена на функција, се чувствуваш ли деградирано? Џорлев - Оваа промена е на мое лично барање бидејќи лично ја поднесов мојата оставка и сакав од есен да се посветам потполно на педагошката работа, семејството и на виолината. Жал ми е само што се изнаслушав и изначитав се и сешто по социјалните мрежи, но свесен сум за одредени аспекти во човековата природа, како и за фактот дека покрај сувото гори и суровото. Но, факторот време работи независно од кој било и ќе ги изнесе работите на свое место. Женски магазин - Кој е највредниот совет што си го добил од твоите родители, Наско и Грозда? [caption id="attachment_6916" align="aligncenter" width="640"] Постариот син Наско ќе дипломира на факултетот за музичка уметност на отсекот гитара, а помалиот - Мартин заврши основно музичко образование на отсекот класична хармоника, а сега учи во гимназијата „Корчагин“ и посетува часови по џез гитара и хармонија. - Џорлев со синовите и со сопругата Офелија[/caption] Џорлев - Да бидам и да останам чесен, да помагам и да не одмагам, да ги почитувам оние кои постигнале чесно во животот без разлика од која средина доаѓаат или каде припаѓаат, и секако да се грижам за семејството како најсветла работа. Женски магазин - Можеш ли да одвоивш едно или неколку највредни музички наследства од твојот покоен татко? Џорлев - „Не кажувај либе“, „Во Струмица на улица“, „Фато мори душманке“, „Дано ле Данче убава“. [caption id="attachment_6906" align="aligncenter" width="640"] Стара фотографија од Џорлево во Струмица. - Зоран со таткото Наско, мајката Грозда, сестрата Софче и братот Ристо-Ице[/caption] Женски магазин - Што најмногу ти недостасува од детството во Струмица, и на што со најголема радост се сеќаваш? Џорлев - Со најголема радост се сеќавам на детството во Струмица, првиот школски час во ОУ Сандо Масев, другарите Мито, Томче, Мите, Жан. Потоа, деновите поминати кај вујко ми заедно со мојата мајка, деновите во село Турново и нижење на тутун кај тетка ми, корзото, трчањето по улицата Пере Тошев и повредените колена, првите настапи во ресторанот Монте Карло (сегашен ресторан Парк). Женски магазин - Летово со сопругата Офелија прославивте 24 години брак. Што е она што најмногу го сакаш кај неа, и како ќе го прославите јубилејот-25 години? Џорлев - Офелија-мојот воздух, мојот столб, моето јас. Едноставна жена на која чесноста, скромноста, борбеноста, работливоста и се карактерна особина, моја водилка. Прекрасна мајка на моите две деца. Таа и децата се моето богатство и мојата смисла на животот. Секој јубилеј ни е значаен така да што овој, и следниот ќе биде ист како и досегашните, со желба да дочекаме што повеќе јубилеи и нормално како што течат годините да бидеме со проширен состав на семејството на трпезата. [caption id="attachment_6918" align="aligncenter" width="592"] Со професорката по виолина Љиљана Крстева[/caption] Женски магазин - Твојот син Наско е интернет стенд ап комичар, како дел од дуото „Дебелиот крај“. Како ти се допаѓаат нивните скечеви и дали беше тешко да те наговорат да учествуваш во еден од нив, оној во кој ти ја „крадат“ златната Бубамара на популарноста? Џорлев - Во Наско, како и Мартин (мојот помал син) вложивме многу внимание, дружба, љубов. Тој сега ќе дипломира на факултетот за музичка уметност на отсекот гитара а во меѓувреме и тој се занимава со музика и педагогија. Ова што го прави со „Дебелиот крај“ е еден дел од креативните работи што ги прави во животот и со задоволство го чекам секој нов клип. А за учеството? Идејата ми беше симпатична и воопшто не беше тешко да ме наговорат да учествувам, напротив, ми беше задоволство. Женски магазин - За што е талентиран твојот помал син, Мартин? Џорлев - Мартин е многу сличен на брат му, многу се дружат и се поддржуваат и сум горд на тоа. Мартин заврши основно музичко образование на отсекот класична хармоника и има освоено десетици први републички и меѓународни награди, но средното образование го продолжи во гимназијата „Корчагин“ каде што е трета година. Моментално посетува часови по џез гитара и хармонија, а музиката му е душевна храна, дел од животот. Женски магазин - Голема поддршка си му и на внукот Огнен Здравковски, кој студира соло пеење во класата на професор Горан Начевски и е поп-пејач. Ги слуша ли Оги твоите совети и што е она што го учи од вујко му? Џорлев - Она што ги учам децата па и Оги (бидејќи функционираме како едно големо семејство), да работи темелно, а не површно, да ги почитува колегите, да му бидат пример луѓето со постигања и успеси, а конкуренцијата да ја победи учејќи и надградувајќи се себеси со работа и труд. Женски магазин - Имаш ли повторно планови за нов ТВ проект, во кој ќе се третира македонската традиционална музика? Џорлев - Неколку години ми стои во фиока проект за детско шоу во кое ќе учествуваат деца од 5 до 13 години, на кое ќе биде застапена македонската традиционална музика. Минатата година го најавив овој проект, кој требаше да го реализираме заедно со продукцијата која требаше да го работи и јубилејниот концерт за 40 години дејност, но, за жал ниту со тој проект, ниту во врска со концертот, од страна на продукцијата не беше преземено ништо. Можам само да кажам дека јас продолжувам со работа и порано или подоцна, како и другите идеи и проекти во мојот живот, ќе дојдат до фаза на реализација. Женски магазин - Кој вид на музика тебе лично ти е најдраг, што сакаш приватно да слушаш? Џорлев - Велиме дека музиката нема граници, има само добра и лоша музика, а и таа поделба е индивидуална, зависи од нашите вкусови. Музиката е мојата душевна храна, поттик во работата, елемент кој во различни животни ситуации успева да ги избистри моите мисли, да ми го олесни и разубави денот. Во мојата домашна аудиотека се наоѓаат илјадници плочи, касети, цедиња, убава музика од различни жанрови, но најчесто слушам инструментал и изведби на виолина. Но, секогаш сум отворен да слушнам и нешто ново сработено од моите деца. Женски магазин - Колку години ја негуваш долгата коса, си помислиш ли некогаш да го смениш имиџот? Џорлев - Долгата коса е дел од мојот имиџ, веќе петнаесеттина години, ми се допаѓа така и не размислувам да го сменам тоа, како и брадата која претрпе неколку варијанти во должината. Секако, внимавам само да ја задржам косата што подолго на главата. За Женски Магазин, Милица Џаровска